Грција место „Скопие“ ставила „Скопје“ на сообраќаен знак


Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека суштинскиот дел од Преспанскиот договор е испочитуван од двете странии, а во делот на обврските за сообраќајните знаци од Грција информирале дека смениле еден знак. -Ние во 95 проценти ако можам да кажам сме ги исполниле нашите обврски. Грција во својот суштински дел, а тоа е поддршка …

Грција место „Скопие“ ставила „Скопје“ на сообраќаен знак Read More »

За криумчарење мигранти во Грција уапсени и притворени државјани на Македонија


Двајца државјани на Северна Македонија, минатиот петок биле уапсени во северозападниот дел на Грција, а сега им е одреден привремен притвор, под сомнение дека помагале во криумчарење мигранти додека трето лице пренесувало мигранти со автомобилот, јави дописничката на МИА од Атина. Едниот од уапсените рекол дека е командир на затворската полиција во Скопје за што …

За криумчарење мигранти во Грција уапсени и притворени државјани на Македонија Read More »

Годишната инфлација во Грција во јануари изнесувала 3,1 отсто


Годишната инфлација во Грција, во јануари годинава била 3,1 отсто, наспроти 3,5 проценти во декември 2023 година, а цените на прехранбените производи, за една година се за 8,3 отсто поскапи, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоците од грчката служба за статистика, од јануари 2023 до јануари 2024 година, најголемо зголемување, од 67,4 …

Годишната инфлација во Грција во јануари изнесувала 3,1 отсто Read More »

Грција е првата православна земја што ги легализираше истополовите бракови


Грчкиот парламент во четвртокот вечерта со големо мнозинство ги легализираше граѓанските бракови за истополовите парови, со што стана првата мнозинска православна земја што го стори тоа. „Гласањето помина: од вечерва, Грција е горда што стана 16-та земја на ЕУ што усвои закон за брачна еднаквост“, рече премиерот Киријакос Мицотакис во објава на социјалната мрежа Х, …

Грција е првата православна земја што ги легализираше истополовите бракови Read More »

Од денеска се враќа публиката на фудбалските натпревари во Грција


Натпреварите од првата фудбалска лига во Грција од денеска повторно ќе се играат со публика по пауза од два месеци по воведената забрана од грчката Влада во рамките на мерките за справување со спортското насилство, јави дописничката на МИА од Атина. Новите правила за стадионите ќе се спроведат во следните два месеци, а предвидуваат задолжителен …

Од денеска се враќа публиката на фудбалските натпревари во Грција Read More »

Грција и САД ќе го одржат петтиот стратешки дијалог


Петтиот круг од стратешкиот дијалог меѓу Грција и САД ќе се одржи денеска во Вашингтон, а шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис ќе се сретне со американскиот државен секретар Антони Блинкен, јави дописничката на МИА од Атина.  Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека на агендата на стратешкиот дијалог ќе бидат: регионалните случувања, …

Грција и САД ќе го одржат петтиот стратешки дијалог Read More »

Од септември следната година приватните универзитети во Грција ќе бидат отворени за студентите


Од септември 2025 година недржавните и непрофитни универзитети ќе почнат со работа во Грција, а приемот на студентите ќе се врши исклучиво преку државните испити, соопшти министерот за образование Кирјакос Пиеракакис, јави дописничката на МИА од Атина. Пиеракакис денеска го презентираше владиниот предлог-закон за отворање приватни универзитети во Грција, што веќе еден месец предизвикува негативни …

Од септември следната година приватните универзитети во Грција ќе бидат отворени за студентите Read More »

Летово ќе има голем метеж кон Халкидики – се реновира обиколницата кај Солун


Започна големиот градежен проект „Flyover“ кој се изведува на обиколницата околу Солун (Периферијакос) и ќе трае четири години, што значи дека се очекува уште поголем метеж за туристите од Македонија  планираат да летуваат во овој дел на Грција, но и викенд-туристичките посети на пристанишниот град. Најавувајќи го „Flyover“ како најголем грчки проект во последно време, …

Летово ќе има голем метеж кон Халкидики – се реновира обиколницата кај Солун Read More »

Протест на земјоделците во Солун на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство


 Со над 300 трактори земјоделците од северна Грција денеска одржаа мирен протест во центарот на Солун за време на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците минатата седмица започнаа протести во различни делови на Грција, а денеска, како што најавија, се собраа во Солун, ги паркираа тракторите пред влезот …

Протест на земјоделците во Солун на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство Read More »

Грција ќе предложи да ја преземе командата на европската операција во Црвеното Море


Грција ќе предложи да ја преземе командата на европската операција во Црвеното Море и ќе го понуди штабот во грчкиот град Лариса како седиште, соопшти министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендиас од Брисел пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за одбрана на Европската унија, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас рече …

Грција ќе предложи да ја преземе командата на европската операција во Црвеното Море Read More »

Од 13 февруари се воведуваат реформи на стадионите во Грција


За две седмици, односно на 13 февруари натпреварите од првата фудбалска лига во Грција повторно ќе се играат со публика, по пауза од два месеци по воведените мерки од грчката Влада за справување со спортското насилство, а надлежниот министер за спорт ги соопшти реформите и точните термини кога ќе стапат во сила, јави дописничката на …

Од 13 февруари се воведуваат реформи на стадионите во Грција Read More »

Влезниците за фудбалски натпревари во Грција ќе се купуваат само преку мобилни телефони


Фудбалските навивачи во Грција во иднина ќе мораат да ја користат владината апликација за дигитална идентификација на своите мобилни телефони за да купат влезници за натпреварите. Станува збор за една од мерките за сузбивање на насилството во грчкиот спорт поради кое фудбалските клубови мораа да ги затворат своите стадиони за навивачите во период од два …

Влезниците за фудбалски натпревари во Грција ќе се купуваат само преку мобилни телефони Read More »

Зголемен број починати од Ковид-19 во Грција, намалување на хоспитализираните и заразените


Во периодот од 8 до 14 декември во Грција е регистрирано намалување на бројот на заразени со Ковид-19, на хоспитализирани лица и на приклучени на апарати, но зголемен е бројот на починати, вкупно 103, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.  Според неделниот извештај на ЕОДИ, починатите …

Зголемен број починати од Ковид-19 во Грција, намалување на хоспитализираните и заразените Read More »

Тензии пред грчкиот Парламент на протестот на студентите против отворање приватни факултети


Со мали тензии меѓу полицијата и демонстрантите пред грчкиот Парламент, заврши масовниот протест на учениците и студентите во Атина, против предлог-законот на Владата за отворање приватни факултети во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Студентите низ цела Грција, организирани од студентските здруженија одржаа собири, испраќајќи порака дека образованието мора да биде и да остане …

Тензии пред грчкиот Парламент на протестот на студентите против отворање приватни факултети Read More »

Зголемен број заразени со Ковид-19 и грип во Грција – болните ученици да останат дома


Со цел да се намали опасноста од ширење на респираторни инфекции, Ковид-19, грип во училиштата во Грција, во пресрет на почетокот на наставата в понеделник Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) објави упатства за наставниците, учениците и останатиот персонал во училиштата, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатиот период во Грција е зголемен бројот …

Зголемен број заразени со Ковид-19 и грип во Грција – болните ученици да останат дома Read More »

Грција ги зголеми давачките: За десет дена поскапо до 100 евра


Од 1 јануари, грчката влада воведе нова еколошка такса и таа сега се плаќа наместо данокот за престој, кој беше актуелен од 2018 година. Еколошката такса ќе се наплаќа на лице место во текот на целата година и ќе зависи од категоризацијата на сместувачкиот објект. Во периодот од март до октомври за студиа и апартмани …

Грција ги зголеми давачките: За десет дена поскапо до 100 евра Read More »

Северна Македонија „даночен рај“ за грчките бизниси


 Вкупно 42 земји, меѓу кои и Северна Македонија се најдоа на листата држави со привилегиран даночен статус за 2022 година објавена од Министерството за национална економија и финансии на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Како земји кои имаат привилегиран даночен статус Министерството ги дефинира оние држави во кои „правното лице или правниот ентитет …

Северна Македонија „даночен рај“ за грчките бизниси Read More »

Пет грчки банки и банкарската асоцијација казнети со 41,7 милиони евра, ги договарале провизиите


Комисијата за конкурентност на Грција изрекла казни во висина од 41,7 милиони евра на пет банки и Асоцијацијата на банки поради усогласени практики и размена на информации, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, банките се казнети затоа што имале усогласена провизија за подигнување готовина од банкомати со картици од странство или од …

Пет грчки банки и банкарската асоцијација казнети со 41,7 милиони евра, ги договарале провизиите Read More »

Повторно зголемен број на починати, хоспитализирани и заразени со Ковид-19 во Грција


Во периодот од 11 до 17 декември во Грција е регистриран зголемен број заразени со Ковид-19, во споредба со една седмица претходно, а зголемување бележат и хоспитализираните, приклучените на апарати, но и на починатите, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во конкретниот период регистрирани се …

Повторно зголемен број на починати, хоспитализирани и заразени со Ковид-19 во Грција Read More »

По поплавите, по неколку месеци, повторно сообраќа воз меѓу Атина и Солун


По неколку месечен прекин поради штетата предизвикана од поплавите, се обновува железничката врска меѓу Солун и Атина, првично за товарните возови, а од сабота и за патничките, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција соопштија дека доцна синоќа бил пуштен во сообраќај првиот товарен воз, а од 16 …

По поплавите, по неколку месеци, повторно сообраќа воз меѓу Атина и Солун Read More »