ДУИ дава потполна поддршка на Владата во преговорите за решавање на спорот за името


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по денешната средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети и потпретеседателите на партијата изјави дека тие во целост ги поддржуваат позициите и одлуката на Владата за спорот со името. – Денеска на барање на господинот Ахмети го брифирав преседателството на партијата со прогресот што е направен во преговорите со …

ДУИ дава потполна поддршка на Владата во преговорите за решавање на спорот за името Read More »

СДСМ:Ново олеснување за граѓаните, закон за отпишување на камата за наплата на долгови


Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и останатите парламентарни партии постигнаа консензуз за предлагање и усвојување на Закон за отпишување на камата за наплата на долгови, Закон што ќе го олесни функционирањето на граѓаните и ќе им заштеди дополнителни трошоци. Владејачката СДСМ  соопштија дека се борат  да обезбедат неселективни и поволни услови за подобар живот на …

СДСМ:Ново олеснување за граѓаните, закон за отпишување на камата за наплата на долгови Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е болест за здравството


Владата нема ниту еден проект во областа на здравството.  Здравството тоне, а пациентите го плаќаат тоа со своето здравје и живот, обвини денеска опозицијата. „СДСМ и по повеќе од една година само се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Стратегијата за превенција на оралните заболувања кај деца од нула до 14-годишна возраст, проект на ВМРО-ДПМНЕ, со која …

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е болест за здравството Read More »

Сообраќајот пред Владата затворен поради митинг


Сообраќајот на булеварот „Илинден“ пред Владата на Република Македонија е затворен поради најавениот политички митинг на опозицијата од 20 часот, соопштија од МВР. Од 20 часот за сообраќај ќе се затврои и мостот „Гоце Делчев“, а од страна на сообраќајната полиција сообраќајот повремено ќе биде пренасочуван по околните улици во зависност од движењето на граѓаните. …

Сообраќајот пред Владата затворен поради митинг Read More »

Собранието избра четворица нови министри


Собранието на Република Македонија вечерва избра нови четворица нови министри во Владата. За нова министерка за правда е избрана Рената Дескоска, за министер за образование и наука Арбр Адеми, за култура Асаф Адеми за култура и за министер без ресор Бардил Даути. По изборот новоизбраните министри дадоа свечена изјава. Собранието ја продолжи седницата со избор на четворица …

Собранието избра четворица нови министри Read More »

Владата повикува на одговорно однесување за името


Во овие моменти не треба да се подлегнува  на шпекулации. Одговорното политичко однесување на сите политички фактори во двете земји е од најголема корист и во интерес на изнаоѓање решение, реагираат високи извори од македонската влада. Реакцијата доаѓа по информациите од функционери од грчката влада дека Македонија и Грција се одалечуваат од договор за името во следните …

Владата повикува на одговорно однесување за името Read More »

Владата ќе додели над 220 милиони денари за проекти на општините


Владата ќе додели на единиците за локални самоуправи 223 милиони денари за проекти за развој на селата и за развој на плански региони. Одлуката, како што соопшти владината прес служба, е донесена на денешната седница на Владата на Република Македонија, според која ќе им се доделат средства за финансирање проекти за развој на селата во …

Владата ќе додели над 220 милиони денари за проекти на општините Read More »

Со реконструкцијата на Владата се зголемува владејачкото мнозинство во Парламентот


Во Собранието на Република Македонија се уште функционираат истите пратенички групи. Промени нема, но после петок, кога е закажана седница за избор на нови членови на Владата, треба да се очекуваат имајќи предид дека крилото на Беса предводено од Африм Гаши и тројца пратеници стануваат дел од владејачкото мнозинство. Претседателот на Собранието Талат Џафери рече …

Со реконструкцијата на Владата се зголемува владејачкото мнозинство во Парламентот Read More »

Анкета: Граѓаните поделени околу работата на новата влада


Вкупно 49 отсто од граѓаните се задоволни од работата на Владата во изминатата година, наспроти 47 отсто кои се незадоволни, покажуваат резултатите од новата анкета на телевизијата „Телма“ и Македонскиот центар за меѓународна соработка, презентирани вечерва во емисијата „Топ тема на ваша страна“. На прашањето „Дали сте задоволни од работата на новата Влада во изминатата …

Анкета: Граѓаните поделени околу работата на новата влада Read More »

Ѓорчев: Веднаш да се укине покачувањето на акцизата на дизелот


ВМРО-ДПМНЕ веднаш, неодложно бара од владата и од СДСМ да се укине акцизата со зголемување на цената на дизелот и неговите деривати која што ја наметна Владата на Република Македонија, изјави Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. „Цената која што ја плаќаат граѓаните, економијата, автобуските превозници, камионскиот транспорт, но консеквентно и сите останати кои што се погодени со …

Ѓорчев: Веднаш да се укине покачувањето на акцизата на дизелот Read More »

Владата со поддршка за деловно-технолошките акцелератори


Владата на денешната 69. седница ги прифати измените на Правилникот за инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно – технолошки акцелератори и на Правилникот за инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за технолошка екстензија. – Со измените и дополнувањата на Правилник за инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење …

Владата со поддршка за деловно-технолошките акцелератори Read More »

Вработувања на неопределено време во основните и средните училишта


Владата на вечерашната седница донесе одлука за вработувања на неопределено време во основните и средните училишта. – Владата на седницата ја прифати информацијата за вработувањата во основните и средните училишта и донесе одлука Министерството за образование и наука да побара согласност од Министерство за финансии за вработување на лица на неопределено работно време во дејноста …

Вработувања на неопределено време во основните и средните училишта Read More »

Заев го испрати предлогот за промена на составот на Владата до Собранието


Премиерот Зоран Заев попладнево го испрати предлогот за промена на составот на Владата до Собранието на Република Македонија. Досегашната министерка за образование Рената Тренеска Дескоска е предложена за нова министерка за правда, а за министер за образование нејзиниот актуелен заменик Арбр Адеми, кадар на ДУИ. За министер за култура е предложен Асаф Адеми, кој доаѓа …

Заев го испрати предлогот за промена на составот на Владата до Собранието Read More »

Владата не го продава уделот во Телеком, прифатливо спојувањето на позициите на извршни директори


Владата на Република Македонија не го продава уделот на државата во Македонски Телеком, а таква информација немаме ниту од партнерите од Дојче Телеком, информираат за МИА од Владата. Оттаму додаваат дека сега веќе поранешниот главен извршен директор Андреас Елснер самиот поднел оставка и оти тоа е негова лична одлука која не ја коментираат. – Во …

Владата не го продава уделот во Телеком, прифатливо спојувањето на позициите на извршни директори Read More »

Кој министер ќе ги продолжи реформите што ги започна Дескоска?


Без оглед кој и да е министер за образование и наука, тој ќе биде должен и мислам дека ќе има волја да ги спроведе реформите кои ги зацртавме. Ова денеска го изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска одговарајќи на новинарско прашање за нејзино евентуално преземање во Министерството за правда. – Јас не се …

Кој министер ќе ги продолжи реформите што ги започна Дескоска? Read More »

И партијата на Амди Бајрам влегува во владата на Заев


Нови коалициски партнери во Владата ќе бидат БЕСА на Африм Гаши, ДПА и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам. – Имаме постигнато договор со БЕСА на пратеникот Африм Гаши, со ДПА и со Сојузот на Ромите на Амди Бајрам, кој делуваше независно во изминативе месеци, изјави премиерот Зоран Заев  по денешното судење за „Поткуп“. Тој додаде дека партијата на …

И партијата на Амди Бајрам влегува во владата на Заев Read More »

Тачи: ДПА влегува во Владата со министер без ресор


Централното собрание на ДПА  денеска во зградата на локалната самоуправа во Тетово одржува состанок околу понудата од премиерот Заев за влез во Владата. Пред почетокот на состанокот, претседтелот на ДПА, Мендух Тачи, рече дека имаа конкретна и коректна понуда од премиерот, ДПА политички и кадровски да стане дел од Владата. – Мислам дека нема да …

Тачи: ДПА влегува во Владата со министер без ресор Read More »

(Видео) Мицковски: Командант Хоџа наместо да биде санкциониран, тој добива место во Владата


Лична работа на Заев е желбата да сака да му помогне и да се грижи за семејството на Џезаир Шакири, односно таканаречениот командант Хоџа. Двајцата делат иста идеологија и исти вредности. Сепак, тоа што се политички истомисленици и постигнале некаков меѓусебен договор, не му дава на Заев за право да го вработува на висока функција …

(Видео) Мицковски: Командант Хоџа наместо да биде санкциониран, тој добива место во Владата Read More »

Дескоска се пожали дека споменување на нејзиното име како дел од реконструираниот владин состав и ја отежнува работата


Министерката за образование Рената Дескоска денеска изјави дека очекува за две недели да бидат познати решенијата во однос на реконструкцијата на Владата што ја најави премиерот Зоран Заев. Таа се пожали дека  постојаното споменување на нејзиното име како дел од новите решенија во реконструираниот владин состав и ја отежнува работата на актуелната функција во МОН. …

Дескоска се пожали дека споменување на нејзиното име како дел од реконструираниот владин состав и ја отежнува работата Read More »

Владата одлучи да се отворат почесни конзулати на РМ во Турција


На денешната, 66-та седница Владата одлучи да се отворат почесни конзулати на Република Македонија во Турција, со седиште во Едрене и во Казахстан, со седиште во Алмати. Во исто време, за почесен конзул на Република Македонија во Турција е именуван Есер Џевахир, додека за почесен конзул на РМ во Казахстан е именуван г-дин Султан Мукшаев.