Ѓорчев: Веднаш да се укине покачувањето на акцизата на дизелот


ВМРО-ДПМНЕ веднаш, неодложно бара од владата и од СДСМ да се укине акцизата со зголемување на цената на дизелот и неговите деривати која што ја наметна Владата на Република Македонија, изјави Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Цената која што ја плаќаат граѓаните, економијата, автобуските превозници, камионскиот транспорт, но консеквентно и сите останати кои што се погодени со оваа инфлација која што и се случува на Македонија е секојдневна.  Од тие причини бараме веднаш и неодложно укинување на наметнатата акциза на дизелот од 3,5 денари која што ја наметна владата на Зоран Заев и Драган Тевдовски“, рече тој.

Според него, трошоците за економијата се огромни односно се работи за повеќе од 40 милиони евра на годишно ниво. „Доаѓаме до еден фрапантен заклучок, а тоа е дека откако Зоран Заев е премиер цената на дизелот во Македонија се зголеми од 46 на 65 денари. Тоа е зголемување од повеќе од 40 отсто“, истакна Ѓорчев.