Интерактивна мапа покажува што ќе се случи ако во вашиот град падне нуклеарна бомба


Застрашувачка интерактивна мапа покажува што може да се случи ако во градот во кој што живеете падне нуклеарна бомба. Мапата покажува колку зрачење и колку загаденот ќе направи доколку навистина падне нуклеарна бомба. Преку оваа мапа може да проверите за градот во кој е наоѓате или за било кое друго место. Мапата проверете ја ТУКА.

Нова бомба во Тексас, две лица повредени!


Двајца мажи на возраст од околу 20 години се повредени откако експлодираше пакет-бомба во моментот кога минувале со велосипедите, соопшти шефот на полицијата во Остин, Тексас, Брајан Менли. Тоа е четврта експлозија на пакет-бомба овој месец. Во досегашните експлозии загинаа 39-годишен градежен работник и 17-годишен студент. Во претходните експлозии повредени се и две лица. – …

Нова бомба во Тексас, две лица повредени! Read More »

Атина: Едно лице повредено од фрлена рачна бомба врз полициска станица


Едно лице е полесно повредено откако е фрлена рачна бомба врз полициска станица во Атина, сооопшти грчката полиција. Одговорноста за нападот ја презеде група, која на ултралевичарски сајт се потпишпа само како „анархисти“. Нападот се случи утрово пред зората, а повреденото лице е таксист.

Осумнаесет мртви од двојна експлозија во Могадишу


Најмалку 18 лица загинаа, а 20 се повредени во експлозија на две автомобил-бомби во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопштија локалните здравствени власти. Според германската новинска агенција ДПА, во нападот загинале најмалку девет лица, од кои најмалку четворица милитанти. Експлозијата на двата автомобили се случи во близина на претседателската палата, по што следела жестока престрелка …

Осумнаесет мртви од двојна експлозија во Могадишу Read More »

(Фото) Експлозија на бомба пред ателјето на сопругата на Мицотакис


Мала рачно изработена бомба експлодира рано изутринава пред влезот на зградата во која се наоѓа модното ателје на сопругата на лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, Марева Грабофски Мицотакис, во центарот на Атина. Експлозијата предизвикала мала материјална штета на мермерот и на влезната врата на објектот. Малиот рачно изработен експлозивен механизам со плински …

(Фото) Експлозија на бомба пред ателјето на сопругата на Мицотакис Read More »

Најмалку 10 повредени при експлозија во Санкт Петербург


Најмалку десет лица се повредени денеска при експлозија во еден прометен супермаркет во рускиот град Санкт Петербург. Властите соопшти дека четворица од жртвите се здобиле со посериозни повреди и се хоспитализирани, додека останатите шестмина по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Причините за експлозијата што се случила во магацинот на супермаркетот засега не …

Најмалку 10 повредени при експлозија во Санкт Петербург Read More »

Обид за терористички напад: Во експлозијата на автобуска во Њујорк повреден само бомбашот


Експлозија одекна утрово во Њујорк, на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетен. Според претставник на њујоршката полиција, се работи за обид да се детонира бомба при што бил повреден само бомбашот. Според телевизијата Си-би-ес, напаѓачот носел две експлозивни направи, од кои едната била прицврстена на неговото тело.  Едната од бомбите експлодирала додека …

Обид за терористички напад: Во експлозијата на автобуска во Њујорк повреден само бомбашот Read More »

Експлозија на бомба на автобуска станица во Њујорк


Експлозија одекнала утринава во Њујорк, на една од главните автобуски станици во централниот дел на Менхетн. Полицијата информираше дека реагира на терен и дека сѐ уште не е утврдена причината за експлозијата. Според телевизијата Ен-би-си, најмалку едно лице е повредено, а неколку метро-линии се во прекин поради експлозијата.

Паника во Потсдам во Германија, бомба на божиќен базар


Евакуиран е божиќниот базар во Потсдам поради сомнителен предмет, соопшти германската полиција на Твитер. Локалните полицајци го опколиле просторот и побарале помош од специјалци. Затворени се и неколку патишта во тоа подрачје. Антитерористичката единица го испитува пакетот. Бомбата наводно е лоцирана на детскиот рингишпил, пренесуваат тамошните медиуми.  

Дојава за бомба во руската Дума


Во зградата на државната Дума, долниот дом на рускиот Парламент, во тек е проверка на просториите по телефонската дојава за бомба, која наводно е поставена во објектот, информираат руските медиуми, повикувајќи се на неименуваниот избор од службите за итни случаи во Москва. – Немаше евакуација, вели истиот извор. Вработените во службите за вонредна состојба со …

Дојава за бомба во руската Дума Read More »