Паника во Потсдам во Германија, бомба на божиќен базар


Евакуиран е божиќниот базар во Потсдам поради сомнителен предмет, соопшти германската полиција на Твитер.

Локалните полицајци го опколиле просторот и побарале помош од специјалци. Затворени се и неколку патишта во тоа подрачје.

Антитерористичката единица го испитува пакетот.

Бомбата наводно е лоцирана на детскиот рингишпил, пренесуваат тамошните медиуми.