Трамп го потпиша указот за повлекување на американските војници од Сирија


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за претстојното повлекување на американските војници од Сирија. Ова го соопшти претставник на Пентагон кој не кажа други детали. Трамп во петокот објави дека ќе ги повлече американските војници од Сирија, нагласувајќи дека „Исламска држава“ е победена. Според американски официјални претставници, повлекувањето на повеќе од 2.000 американски војници …

Трамп го потпиша указот за повлекување на американските војници од Сирија Read More »

„Блумберг“: Трамп размислува за смена на шефот на ФЕД


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп изминативе денови во неколку наврати со своите соработници разговарал за смена на претседателот на Управата на федералните рерзеви (ФЕД), Џером Пауел, тврди „Блумберг“, повикувајќи се на неименувани извори во Белата куќа. Според овие извори, Трамп бил незадоволен од Пауел по овонеделната одлука на ФЕД, која ја има улогата на централна …

„Блумберг“: Трамп размислува за смена на шефот на ФЕД Read More »

Трамп се мисли да си го постави зетот за шеф на кабинет


Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста да го именува својот зет, Џаред Кушнер, за нов шеф на кабинетот на Белата куќа, јави „Хафингтон Пост“. Повикувајќи се на свои извори, изданието наведува дека иницијатор на ова назначување е самиот Кушнер, сопруг на постарата ќерка на претседателот, Иванка Трамп, кој бил убеден дека „одговара за таа …

Трамп се мисли да си го постави зетот за шеф на кабинет Read More »

Ајерс најави заминување од Белата куќа, Трамп се уште бара шеф на кабинет


САД– Кандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп за иден шеф на неговиот кабинет, Ник Ајерс, повеќе не е актуелен, а за таа функција Трамп сега има предвид најмалку две лица. Некои западни медиуми, повикувајќи се на извори кои се запознати со случајот, тврдат дека кандидати за таа позиција се министерот за финансии Стивен Мнуџин и …

Ајерс најави заминување од Белата куќа, Трамп се уште бара шеф на кабинет Read More »

Париз му порача на Трамп да не меша во нивните работи


Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да не се меша во внатрешната политика на Франција, откако тој на Твитер ги поврза масовните протести со Парискиот договор за климата. – На Доналд Трамп му порачав, му кажа и претседателот Емануел Макрон, дека ние не учествуваме во …

Париз му порача на Трамп да не меша во нивните работи Read More »

Елвис Присли постхумно го доби „Медалот на слободата“


САД- Гласот на Елвис Присли одекна викендов во Белата куќа, кога за време на церемонија на врачување на „Медалот на слободата“ беше пуштена неговата песната „How Great Thou Art“.  На церемонијата, Трамп им го врачи „Медалот на слободата“ на неколку истакнати личности, вклучувајќи и на постхумно на „Кралот на рокенролот“. Трамп сподели спомени од концерт …

Елвис Присли постхумно го доби „Медалот на слободата“ Read More »

Чехословачката тајна полиција направила досие за Трамп, тврди прашки неделник


Чешка – Досие за Доналд Трамп направила тајната полиција на Чехословачка по неговата венчавка со Чехињата Ивана Зелницкова, објави прашкиот неделник „Респект“. – Да, Трамп беше во нашиот фокус на интерес, изјави Властимил Данек, поранешен подрачен шеф на СтБ (државната безбедносна служба) во Готвалдов (денешен Злин), роден град на Ивана Трамп. – Знаевме дека Трамп е влијателен. …

Чехословачката тајна полиција направила досие за Трамп, тврди прашки неделник Read More »

Трамп го осуди испраќањето на пакети цо екслозив


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го осуди испраќањето сомнителни пакети во домовите на Бил и Хилари Клинтон, Барак Обама, како и во седиштето на Си-Ен-Ен и компанијата „Тајм Ворнер”. Трамп ја сподели пораката на американскиот потпретседател Мајк Пенс напишана на Твитер и рече дека „целосно се согласува”. Белата куќа, исто така, издаде соопштение во кое …

Трамп го осуди испраќањето на пакети цо екслозив Read More »

Tрамп: Убиството на Кашоги и обидите за негово прикривање се покажаа како целосен неуспех


САД– Саудиската операција во која бил убиен новинарот Џамал Кашоги е „едно од најлошите прикривања некогаш направени“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Во изјава за новинарите во Овалната соба, Трамп изрази очекување дека во блиска иднина ќе има комплетен извештај за убиството на Кашоги. – Тие имале многу лош основен концепт, и тој бил спроведен …

Tрамп: Убиството на Кашоги и обидите за негово прикривање се покажаа како целосен неуспех Read More »

Трамп: За последиците по Саудиска Арабија по средбата со принцот


САД- Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека наскоро ќе разговара со саудискиот принц Мухамед бин Салман за тоа дали Саудиска Арабија ќе сноси последици поради убиството на новинарот Џамал Кашоги. Трамп истакна дека за тоа прашање првенствено ќе се консултира со американскиот Конгрес. Американскиот претседател минатата недела повеќе пати изјави дека е против какви било …

Трамп: За последиците по Саудиска Арабија по средбата со принцот Read More »

Трамп до Турција: Дајте ги снимките за Кашоги ако постојат


САД – Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД побарале  од Турција аудио и видео снимки во врска со исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, „ако воопшто постојат“. Истовремено Трамп ја нарече Саудиска Арабија важен сојузник истакнувајќи дека таа држава е голем купувач на американскиот воен извоз. -Да, побаравме снимки… доколку постојат, рече Трамп пред новинарите …

Трамп до Турција: Дајте ги снимките за Кашоги ако постојат Read More »

Сенаторка го докажа потеклото, Трамп должи еден милион долари


САД- Американската демократска сенаторка Елизабет Ворен направила ДНК анализа, со која докажала дека има индијанско потекло, откако претседателот на САД Доналд Трамп повеќе пати ја обвинувал дека лаже. Трамп всушност долги години ја обвинува Ворен дека лаже оти има индијанско потекло, а на неговите митинзи ја нарекуваше и „лажна Покахонтас“. Американскиот претседател во јули оваа година …

Сенаторка го докажа потеклото, Трамп должи еден милион долари Read More »

Трамп: Саудиска Арабија ќе биде казнета ако се докаже дека е виновна за исчезнувањето на Кашоги


САД- Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека е можно Саудиска Арабија да е одговорна за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги и доколку тоа се докаже неговата земја ќе наложи строга казна за земјата. – Засега (Саудијците) енергично негираат дека се инволвирани. Можно ли е да бидат? Да. Ако се докаже дека Саудиска Арабија е одговорна ќе има …

Трамп: Саудиска Арабија ќе биде казнета ако се докаже дека е виновна за исчезнувањето на Кашоги Read More »

Трамп му се извини на Кавано од име на нацијата


САД– Новоизбраниот судија во Врховниот суд на САД, Брет Кавано синоќа положи свечена заклетва на церемонија во Белата куќа, при што американскиот претседател Доналд Трамп одново упати критики кон оние кои се противее на неговиот избор на функцијата. Трамп оцени дека кампањата водена против Кавано била насочена кон „негово лично уништување“ и „базирана на измами“. …

Трамп му се извини на Кавано од име на нацијата Read More »

Трамп побара Сенатот конечно да го избере Кавано за врховен судија


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го повика Сенатот да го одобри именување на судијата Брет Кавано на испразнетото место во Врховниот суд на САД. Повикот на Трамп уследи по сослушувањето во Сенатот на Кавано и на докторката Кристин Блејзи Форд, која го обвинува за сексуален напад пред три и пол децении, при што, според американскиот претседател, судијата …

Трамп побара Сенатот конечно да го избере Кавано за врховен судија Read More »

Ново обвинување за сексуално малтретирање против судијата Кавано


САД – Судијата Брет Кавано, предложен од претседателот Доналд Трамп како кандидат за Врховниот суд на САД, се соочи со ново обвинение за сексуално малтретирање во младоста. Новинарот Ронан Фароу, син на актерката Миа Фароу и Вуди Ален или Френк Синатра, кој прв ги објави обвинувањата за сексуално малтретирање против моќниот продуцент Харви Вајнстин, вчера го …

Ново обвинување за сексуално малтретирање против судијата Кавано Read More »

Трамп воведе царини од 10 отсто за кинескиот увоз на стока од 200 милијарди долари


Претседателот на САД Доналд Трамп воведе царини од 10 проценти на дополнителен увоз на кинески стоки од 200 милијарди долари од 24-ти септември. Царините првично ќе бидат 10 проценти, но ќе се зголемат до 25 проценти до крајот на годината, со што американските компании ќе добијат одредено време за да почнат да се снабдуваат со стока …

Трамп воведе царини од 10 отсто за кинескиот увоз на стока од 200 милијарди долари Read More »

Западен Холивуд бара да се отстрани ѕвездата на Трамп од патеката на славните


САД– Градскиот совет  на Западен Холивуд едногласно ја усвои резолуцијата со која се бара да биде отстранета ѕвездата на американскиот претседател, Доналд Трамп, од Холивудската патека на славните. Ваквата одлука советот ја донел поради, како што наведуваат медиумите, неговото вознемирувачко однесување кон жените, како многу други негови постапки. Сепак, останува неизвесно дали ваквата резолуција, која …

Западен Холивуд бара да се отстрани ѕвездата на Трамп од патеката на славните Read More »

Влада на Црна Гора: Имаме мировна политика; Амбасада на САД: Црна Гора е сојузник


 Владата на Црна Гора денеска соопшти дека земјата е горда на својата историја и традиција и мирна политика, „ која ја доведе до позицијата стабилизирачка земја во регионот и единствена држава во која не се војуваше при распадот на поранешна Југославија” . – Земја која прими и заштити 120.000 несреќни луѓе и семејства. Државата, која прва …

Влада на Црна Гора: Имаме мировна политика; Амбасада на САД: Црна Гора е сојузник Read More »

Трамп: Црногорците може да станат агресивни и ќе бидеме во Трета светска војна


Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека е „многу нефер САД да ги штити членките од НАТО кои не плаќаат“, повторувајќи дека државите треба да ги плаќаат трошоците за нивната заштита. – Членството во НАТО ги обврзува членките да бранат која било друга членка во случај на напад. Да претпоставиме некој да ја нападне Црна Гора. …

Трамп: Црногорците може да станат агресивни и ќе бидеме во Трета светска војна Read More »