Трамп воведе царини од 10 отсто за кинескиот увоз на стока од 200 милијарди долари


Претседателот на САД Доналд Трамп воведе царини од 10 проценти на дополнителен увоз на кинески стоки од 200 милијарди долари од 24-ти септември.

Царините првично ќе бидат 10 проценти, но ќе се зголемат до 25 проценти до крајот на годината, со што американските компании ќе добијат одредено време за да почнат да се снабдуваат со стока од други земји, вели владин претставник.

На листата со над 6.000 вида кинески стоки, предложен од службата на трговскиот претставник на САД, се вклучени широк спектар на електронски производи како и многу други производи – од мебел до чанти, правосмукалки, градежни материјали.

Во декларацијата, со која ги соопшти новите давачки, Трамп предупреди дека ако Кина преземе отворени активности против американската индустрија или против фармерите, „ние веднаш ќе воведеме третата фаза, царини на дополнителен увоз за 267 милијарди долари”.