Влада на Црна Гора: Имаме мировна политика; Амбасада на САД: Црна Гора е сојузник


 Владата на Црна Гора денеска соопшти дека земјата е горда на својата историја и традиција и мирна политика, „ која ја доведе до позицијата стабилизирачка земја во регионот и единствена држава во која не се војуваше при распадот на поранешна Југославија” .

– Земја која прими и заштити 120.000 несреќни луѓе и семејства. Државата, која прва во Европа пружи отпор на фашизмот и денес, како нова членка на НАТО и кандидат за ЕУ, придонесува за мирот и стабилноста, не само на европскиот континент, туку и пошироко во светот, заедно со американските војници во Авганистан, се вели во соопштението на црногорската влада.

Ова е реакција на црногорската влада на изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп за Фокс њуз, во која Црна Гора ја опишаа како мала држава со „многу силни и агресивни луѓе”, откако многу домашни и странски  медиуми беа заинтересирани владата да ја коментира таа  изјава.

– Ние градиме пријателства, ниту еднаш не сме изгубиле, а воедно сме способни смело и одлучно да ги браниме и одбраниме сопствените национални интереси, се вели во соопштението.

Во оваа прилика, се  огласи и американската амбасада во Подгорица, која соопшти дека „САД со гордост ја сметаат Црна Гора за сојузник” и дека земјата продолжува да игра активна улога преку својот придонес во мисијата на НАТО во Авганистан.

Од амбасадата истакнаа дека Декларацијата од Самитот јасно вели дека „секој напад на еден сојузник ќе се смета за напад врз сите нас, како што е наведено во членот 5 од Вашингтонскиот договор”.