Прекин на сообраќајот во двата правци на патот Струга-Ќафасан


Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот во двата правци на патот Струга–Ќафасан, информира АМСМ. Патот е во прекин од 17:40 часот. Инаку сообраќајот по останатите патишта во земјава се одвива без забрани по претежно суви коловози, освен на повисоките осојничви места. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На …

Прекин на сообраќајот во двата правци на патот Струга-Ќафасан Read More »

Две лица загинаа, три се тешко повредени кај Прилеп


На регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кај селото Ропотово, општина Долнени денеска околу 10 часот и 55 минути се случи тешката сообраќајна несреќа во која две лица загинаа, а три се повредени. Според првичните информации од СВР Битола, до несреќата дошло во судир од засега непознати причини на три возила, патничко возило „лада самара“ …

Две лица загинаа, три се тешко повредени кај Прилеп Read More »

Две лица повредени во сообраќајката кај Гиновци


Две лица се повредени во сообраќајката што се случи вечерва во 18:20 часот на магистралниот пат Куманово -Крива Паланка пред селото Гиновце. Повредените се наоѓале во тракторот и со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Здравствениот дом во Крива Паланка од каде информираат дека се уште им се укажува медицинска помош. Сообраќајката се …

Две лица повредени во сообраќајката кај Гиновци Read More »

Девојката која беше повредена во сообраќајка во Солун е во критична состојба


Девојката која во саботата беше повредена во сообраќајна несреќа во Солун е приклучена на машини и е во критична состојба, додека пак на повредениот маж утре ќе му биде извршена операција на бутната коска, јави дописникот на МИА од Атина повикувајќи се на информации од болницата. Двајцата македонски државјани беа повредени во сообраќајка што се …

Девојката која беше повредена во сообраќајка во Солун е во критична состојба Read More »

Момче и девојка од Македонија повредени во сообраќајка во Солун


Две лица од Македонија се повредени во Солун во сообраќајна несреќа, пишуваа грчките медиуми. Како што јавува порталот Паралакски.гр, несреќата се случила кога момчето и девојката пешаци преминувале улица во близина на продавницата ИКЕА и во нив удрил автомобил. Повреден е и возачот на автомобилот, и двајцата пешаци, од кои девојката е во најкритична состојба. …

Момче и девојка од Македонија повредени во сообраќајка во Солун Read More »

Тешко повреден пешак, десет сообраќајки вчера во Скопје


Пешак е тешко повреден, а осум лица се полесно повредени во шест од вкупно десет регистрирани сообраќајни незгоди во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки е евидентирана само материјална штета. Од СВ Скопје информираат дека за пречекорување на брзина при возење се санкционирани 20 возачи, а 15 се исклучени од …

Тешко повреден пешак, десет сообраќајки вчера во Скопје Read More »

Повредени 10 лица во шест сообраќајки вчера во Скопје


Едно лице е тешко повредено, а уште девет се здобиле со телесни и полесни повреди, во пет од шесте сообраќајки изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. За една сообраќајна незгода е регистрирана материјална штета. Сообраќајната полиција санкционирала дванаесет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената и исклучила 12 возачи од кои …

Повредени 10 лица во шест сообраќајки вчера во Скопје Read More »

Загинат малолетник во сообраќајка со мотоцикл


Четиринаесетгодишен мотоцилист од Долно Палчиште тетовско денеска загина во сообраќајка откако изгубил контрола врз мотоциклот и удрил во паркирано возило „Опел астра“ со тетовски таблици. Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски И.И. околу 13 часот и 45 минути бил донесен во приватната амбуланта „Кујдеси“ во тетовска Голема Речица, без знаци на живот. …

Загинат малолетник во сообраќајка со мотоцикл Read More »

Моторџија загина на „Првомајска“


Триесет и осумгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје. Според полицијата, Е.С. (38), управувајќи со мотоцикл „сузуки“ изгубил контрола и се превртел на патот. „Од здобиените повреди, починал на лице место“, информираат од МВР. Смртта била констатирана од страна на лекар на Итна медицинска помош. По увидот, …

Моторџија загина на „Првомајска“ Read More »

Две лица повредени во сообраќајка кај Катланово


Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Велес-Скопје по тунелот „Катланово“. Министерството за внатрешни работи соопшти дека сообраќајната несреќа се случила синоќа, околу 19,00 часот на еден километар после тунелот “Катланово“ во која А.Д. (35) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Дачиа Логан“ со скопски регистерски таблици, изгубил контрола …

Две лица повредени во сообраќајка кај Катланово Read More »

Четворица повредени кај Расадник


Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на две возила што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската наслеба Кисела Вода. Како што изјавија за МИА од МВР, сообраќајката се случила во 17:50 часот помеѓу возила „ауди“ и „сеат“, двете со скопски регистарски таблички. – Во сообраќајната незгода повредени биле четири лица коишто …

Четворица повредени кај Расадник Read More »

Возач излета од патот и загина


Триесет и четиригодишен жител на кочанското село Бели загина во сообраќајна несреќа што се случи во вторникот околу 22 часот на магистралниот пат Штип-Кочани во атарот на село Тркање. Според полицијата, автомобил „форд фокус“ со кочанска регистрација, управуван од Д.А. (34), излетал од коловозот, по што возачот починал на самото место. Причините за несреќата се …

Возач излета од патот и загина Read More »

Двајца Бугари повредени во сообраќајка кај Крива Паланка


Двајца бугарски државјани Ф.Ф.В. (47) и В.К.А. (26), кои биле сопатници во возило, се тешко повредени во сообраќајка што се случила на магистралниот пат Крива Паланка-граничен премин „Деве Баир“. Како што информира денеска МВР, сообраќајката се случила вчера во 1:15 часот. Во несреќата Е.Е.К. (27) од Република Бугарија, управувајќи патничко возило „Ауди 4“ со бугарски …

Двајца Бугари повредени во сообраќајка кај Крива Паланка Read More »

Македонци повредени во Банско


Четворица Македонци се повредени и сместени во болница во Разлог по сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на патот Добриниште-Банско, јави бугарската новинска агенција БГНЕС. Се работи за тројца 48 годишни мажи и еден на возраст од 41-на година, кои во моментов се наоѓаат надвор од животна опасност. Извештајот за сообраќајната несреќа беше доставен во …

Македонци повредени во Банско Read More »

Кај Облешево загина 59-годишен велосипедист


Велосипедист загина откако во него удрил автобус. Сообраќајката се случила денеска околу 16:20 часот на магистралниот пат А3 Штип-Кочани, во близина на селото Облешево. Како што информира МВР, автобус управуван од М. М. (1957) од Кочани удрил во велосипедист управуван од С. Т. (1959) од село Мојанци, Кочани. С.Т. бил примен во Општата болница Кочани, каде му биле …

Кај Облешево загина 59-годишен велосипедист Read More »

Тешка сообраќајка во Скопје: Еден маж загина, друг е тешко повреден


Триесет и шестгодишен скопјанец загина во сообраќајка што се случила синоќа околу 23:30 часот на булеварот„Александар Македонски“ во Скопје. Како што информира денеска МВР, Г.С. (36) од скопското село Марино управувајќи автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, по што удрил во метални столпчиња, потоа во дрво и во метална кенделабра. Во …

Тешка сообраќајка во Скопје: Еден маж загина, друг е тешко повреден Read More »

Детали за тешката сообраќајка вчера во која загина тримесечно бебе


Околу 17:20 часот на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, помеѓу селата Србјани и Староец, се случи сообраќајна незгода во која учествувале возило „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(48) од Кичево, возило „Алфа Ромео“ со словенечки национални ознаки управувано од М.С. (52) од село Пласница и товарно моторно возило „Даф“ со кичевски регистерски таблички, …

Детали за тешката сообраќајка вчера во која загина тримесечно бебе Read More »

Тримесечно бебе загина во собраќајка кај Кичево, петмина се повредени


Тримесечно бебе го загуби својот живот, а пет лица се повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, потврди полицијата за Независен весник. Несреќата се случила во 17:20 часот меѓу две патнички возила и едно товарни возило. Повредените лица се префрлени во медицинскиот центар во Кичево. Сообраќајот на …

Тримесечно бебе загина во собраќајка кај Кичево, петмина се повредени Read More »

Излетал автомобил кај Росоман, возачот е тешко повреден


Возач бил тешко повреден откако автомобилот со кој управувал, излетал од патот синоќа на патот Кавадарци-Росоман. Од Брза помош која е во склоп на Здравствен дом Кавадарци денеска информираа дека поради сериозноста на повредите, возачот во придружба на анестезиолог и медицинска сестра, бил префрлен на скопските клиники.

Загина 19-годишно момче на патот Илинден – Миладиновци


Деветнаесетгодишник од скопско Миладиновци утрово загина во сообраќајна несреќа на локалниот пат од населбата Илинден кон Миладиновци, соопшти МВР. Несреќата била пријавена во 06.45 часот. Патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.З.(19) излетало од коловозот и се превртело. Од добиените повреди возачот починал на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска …

Загина 19-годишно момче на патот Илинден – Миладиновци Read More »