Две лица загинаа, три се тешко повредени кај Прилеп


На регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кај селото Ропотово, општина Долнени денеска околу 10 часот и 55 минути се случи тешката сообраќајна несреќа во која две лица загинаа, а три се повредени.

Според првичните информации од СВР Битола, до несреќата дошло во судир од засега непознати причини на три возила, патничко возило „лада самара“ со битолски регистарски таблички во кое биле три лица, од кои едно женско лице на возраст од 66 години починало на лице место, потоа патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски таблички, на местото на сообраќајката починал возачот на возилото на возраст од 69 години и третото возило кое се судрило е товарно моторно возило марка „мерцедес“ со кумановски регистарски таблички во кое бил само возачот.

Патниот правец е во прекин. Возилата се пренасочуваат по споредни патишта, а во моментот се уште увид прават прилепската полиција, основен јавен обвинител, а на теренот се екипи на Противпожарната единица од Прилеп.