Прекин на сообраќајот во двата правци на патот Струга-Ќафасан


Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот во двата правци на патот Струга–Ќафасан, информира АМСМ.

Патот е во прекин од 17:40 часот.

Инаку сообраќајот по останатите патишта во земјава се одвива без забрани по претежно суви коловози, освен на повисоките осојничви места. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.