Македонските ракометари со триумф над Чешка го завршија настапот на кадетскиот Мундијал


Македонската машка кадетска репрезентација победнички го заокружи настапот на Светското првенство за играчи до 19 години кое се одржува во Хрватска, откако вечерва во дуелот за пласман на 9 .место ја совлада Чешка со 28-22. Македонските ракометари од самиот почеток на дуелот во Копривница беа во водство и на полувреме заминаа со предност од 13-11. …

Македонските ракометари со триумф над Чешка го завршија настапот на кадетскиот Мундијал Read More »

СП ракометари до 19 години: Унгарија следен противник на македонската репрезентација


Македонската ракометна репрезентација утревечер ќе игра со Унгарија во полуфиналето од сегментот за пласман од 9 – 12 место на Светското првенство за играчи до 19 години. Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ, иако не успеаја да влезат во четвртфиналето, покажаа дека имаат потенцијал да се „носат“ со најдобрите селекции на светот. Во групната фаза на …

СП ракометари до 19 години: Унгарија следен противник на македонската репрезентација Read More »

Ристовски нов извршен директор, Стоилов помошник-тренер и координатор во Вардар


 Борко Ристовски е нов извршен директор на најтрофејниот македонскиот ракометен клуб Вардар, додека Стојанче Стоилов е назначен за помошник тренер и координатор на младинските категории. За завршувањето на кариерите на Ристовски и Стоилов во ракометот како играчи беше соопштено на денешната прес-конференција на „црвено-црните“. – Борко Ристовски е наша ракометна легенда. Тој добива нова функција …

Ристовски нов извршен директор, Стоилов помошник-тренер и координатор во Вардар Read More »

Алкалоид во групната фаза, Вардар 1961 во квалификациите за Лига Европа


Актуелниот македонски вицепрвак Алкалоид ќе игра во групната фаза во ракометната Лига Европа, додека двократниот европски шампион Вардар 1961 преку квалификации ќе се обиде да биде вториот македонски тим кој идната сезона ќе настапува во второто по ранг европско клупско натпреварување, одлучи денеска ЕХФ. Вардар 1961 се враќа на европската сцена по пауза од една …

Алкалоид во групната фаза, Вардар 1961 во квалификациите за Лига Европа Read More »

Познати сите учесници во ракометната Лига на шампиони


 Македонскиот првак Еурофарм Пелистер идниот вторник ќе ги дознае противниците во групната фаза во ракометната Лига на шампиони, откако Управниот одбор на ЕХФ ги комплетираше сите 16 учесници и ја закажа жрепката за новата сезона за 27 јуни. Место во Лигата на шампиони од претходно обезбедија Еурофарм Пелистер, дански ГОГ, шпанска Барселона, француски ПСЖ, германските …

Познати сите учесници во ракометната Лига на шампиони Read More »

Дуелот на македонските ракометари со Франција го отвора ЕУРО2024


Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го одреди распоредот и локациите на кои ќе се игра ЕУРО2024 кое ќе биде отворено со дуелот меѓу македонската ракометна репрезентација и Франција на 10 јануари идната година. Натпреварот на македонските ракометари против трикратниот европски првак ќе се игра во Меркур – Шпил Арена во Дизелдорф со почеток во 18:00 …

Дуелот на македонските ракометари со Франција го отвора ЕУРО2024 Read More »

Македонија против Германија, Франција и Швајцарија на ЕП во ракомет


Македонија доби тешка ждрепка за настап на Европското првенство во 2024 во Германија, па така, нашите ракометари ќе се борат против Франција, Германија и Швајцарија. Имајќи предвид дека со новиот систем на натпревари на Европските првенства, само првите две селекции од секоја група продолжуваат понатаму, ова ќе биде пеколен предизвик за Кире Лазаров и неговите …

Македонија против Германија, Франција и Швајцарија на ЕП во ракомет Read More »

Билетите за ракометното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 распродадени за 17 минути


Сите влезници за саботното ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, кое најверојатно ќе биде решавачко во битката за титулата, се распродадени само 17 минути откако попладнево беа пуштени во продажба, соопштија организаторите. – Спортската сала „Боро Чурлевски“ се распродаде за 17 минути, соопшти македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер, информирајќи дека натпреварот закажан …

Билетите за ракометното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 распродадени за 17 минути Read More »

Македонија со победа над Турција го потврди пласманот на Европското првенство


Ракометната репрезентација на Македонија ја победи Турција со 30:27. Со оваа победа го потврди пласманот на Европското првенство во 2024 година. Денешниот натпревар во „СЦ Борис Трајковски“ беше и последен во репрезентативната кариера на Гоце Георгиевски. Во финишот за победа блескаа Марко Митев и Мартин Томовски. Пред почетокот на денешниот натпревар, РФМ му додели дрес …

Македонија со победа над Турција го потврди пласманот на Европското првенство Read More »

Лазаров ги одбра ракометарите за евроквалификациските дуели со Луксембург и Турција


Деветнаесет ракометари од домашното првенство и двајца интернационалци се најдоа на списокот што селекторот Кирил Лазаров го објави денеска за двата априлските натпревари на македонската машка ракометна репрезентација против Луксембург и Турција во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2024. Македонската репрезентација на 26 овој месец гостува во Луксембург, а завршниот натпревар во рамки на квалификациската група 1 ќе …

Лазаров ги одбра ракометарите за евроквалификациските дуели со Луксембург и Турција Read More »

Вардар 1961 му се приклучи на Еурофарм Пелистер на Ф4 во СЕХА Лигата


Ракометарите на Вардар 1961 се пласираа на фајналфор турнирот во регионалната СЕХА Лига, откако попладнево триумфираа и на реваншот против Војводина во Нови Сад со 32-26. Македонскиот првак дојде до втората победа во четвртфиналната пресметка со шампионат на Србија со пресврт, откако Војводина на полувреме замина со предност од 15-11. На првиот натпревар во Скопје ракометарите на петкратниот освојувач …

Вардар 1961 му се приклучи на Еурофарм Пелистер на Ф4 во СЕХА Лигата Read More »

РК Еурофарм Пелистер обезбеди пласман во полуфиналето на СЕХА


Ракометарите на Еурофарм Пелистер неочекувано лесно и убедливо го совладаа Татран Прешов со 36:26 и обезбедија пласман во полуфиналните натпревари од ракометната СЕХА лига. Битолчани првиот натпревар го завршија со 8 голови предност (37:29), а попладнево во Прешов, домашниот тим го совладаа со 10 голови предност, односно 36:26. Пред реванш средбата тренерот Александар Јовиќ најави …

РК Еурофарм Пелистер обезбеди пласман во полуфиналето на СЕХА Read More »

Супер лига: Алкалоид го победи Вардар, Еурофарм Пелистер гостува кај Тиквеш


Во машката ракометна Супер лига екипата на Алкалоид синоќа му го нанесе првиот пораз сезонава на актуелниот шампион Вардар. Младиот состав предводен од тренерот Кирил Лазаров одигра одличен натпревар против големиот фаворит и на крајот заслужено се радуваше на победата 22:21.   По овој триумф, Алкалоид се изедначи со Еурофарм Пелистер по освоените бодови и …

Супер лига: Алкалоид го победи Вардар, Еурофарм Пелистер гостува кај Тиквеш Read More »

Еурофарм Пелистер: Индивидуи под дејство на алкохол или други опојни средства го деградираат македонскиот спорт


Раководството на македонскиот ракометен вицепрвак, Еурофарм Пелистер ги осуди инцидентите на вчерашното дерби со Вардар во кои учествуваа припадници на двете навивачки групи.   Во продолжение соопштението на битолчани го пренесуваме во целост:   РК Еурофарм Пелистер се оградува од вчерашното однесување на дел од навивачите и со резигнираност гледа кон настаните кои се случуваа …

Еурофарм Пелистер: Индивидуи под дејство на алкохол или други опојни средства го деградираат македонскиот спорт Read More »

Дербито Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер во сенка на инцидент: Наместо ракометарите, се пресметуваа навивачите


Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер го доби актуелниот ракометен првак со 31-24 (13-10 на полувремето), но натпреварот беше во сенка на инцидентот предизвикан од навивачки групи поради што имаше прекин поради сериозни инциденти предизвикани од навивачите.  Натпреварот беше прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, откако гостински …

Дербито Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер во сенка на инцидент: Наместо ракометарите, се пресметуваа навивачите Read More »

Втор пораз за македонските ракометари од Португалија во квалификациите за Еуро 2024


Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби на гостувањето кај Португалија во натпревар од 4. коло Група-1 во квалификациите за Европското првенство 2024. Домаќините победија со 32:27 и уште еднаш покажаа дека во моментов се поквалитетна репрезентација. Во четвртокот во Скопје, Португалија славеше со 29:23. На вечерашниот натпревар во Порто најефикасен во македонскиот национален тим беше Филип …

Втор пораз за македонските ракометари од Португалија во квалификациите за Еуро 2024 Read More »

Прв пораз за македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2024


Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Португалија со 23:29 (11:14 полувреме). Поразот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за избраниците на селекторот Кирил Лазаров е прв во квалификациската Група-1 за пласман на Европското првенство 2024. Гостите од Португалија во Скопје дојдоа како фаворити и ја оправдаа таа улога, иако и „црвено-жолтите“ имаа свои моменти па и …

Прв пораз за македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2024 Read More »

Македонската ракометна репрезентација домаќин на Португалија во квалификациите за ЕП 2024


Македонската ракометна репрезентација вечер од 19 часот ја пречекува Португалија во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Ова ќе биде квалификацискиот натпревар од Групата-1 за пласман на Европското првенство 2024. Двете репрезентации во мечот влегуваат по двете победи во почетни две кола. Селекторот на „црвено-жолтите“ Кирил Лазаров се соочува со проблеми поради неколкуте отсуства на …

Македонската ракометна репрезентација домаќин на Португалија во квалификациите за ЕП 2024 Read More »

Во земјотресот загинаа капитенот на ракометната репрезентација на Турција, Кемал Кутахја и неговиот син


Турската ракометна федерација (ТХФ) соопшти дека капитенот на машката репрезентација Кемал Кутахја и неговиот син Чинар Кутахја загинале во земјотресите во Кахраманмараш. По неколкудневна потрага, телата на Кемал и неговиот син Чинар беа извлечени од урнатините во градот Кахраманмарас, по земјотресот што го опустоши југот на Турција. Неговата сопруга која е во четвртиот месец од …

Во земјотресот загинаа капитенот на ракометната репрезентација на Турција, Кемал Кутахја и неговиот син Read More »

Данска прв финалист на Светското првенство во ракомет


 Данска ја совлада вечерва Шпанија со 26-23 во првото полуфинале на 28. Светско првенство во ракомет и во финалето в недела ќе ја брани титулата освоена на Мундијалот пред две години во Египет. Данците од самиот почеток остварија предност од четири голови и на полувреме заминаа со водство од 15-10. Предноста од пет голови ја …

Данска прв финалист на Светското првенство во ракомет Read More »