Во земјотресот загинаа капитенот на ракометната репрезентација на Турција, Кемал Кутахја и неговиот син


Турската ракометна федерација (ТХФ) соопшти дека капитенот на машката репрезентација Кемал Кутахја и неговиот син Чинар Кутахја загинале во земјотресите во Кахраманмараш.

По неколкудневна потрага, телата на Кемал и неговиот син Чинар беа извлечени од урнатините во градот Кахраманмарас, по земјотресот што го опустоши југот на Турција.

Неговата сопруга која е во четвртиот месец од бременоста и нејзината мајка сѐ уште не се пронајдени, па има трошка надеж дека барем тие ја преживеале катастрофата, иако со оглед на времето што поминало и условите, надежта се намалува.

Најлошата вест ја потврди Ракометната федерација на таа земја.

– Сакаме Господ да ги помилува Кемал Кутахја и неговиот син Чинар Кутахја. Ние секогаш ќе ги негуваме нивните спомени. Нашето најдлабоко сочувство до нивните најблиски и целата ракометна јавност – напишаа тие.