Бугарка во владата, како жена на гусарски кораб


Каква голема трагедија нѐ снајде, откриена е Бугарка во македонска влада. Да имаше такво сензационално откритие само пред два месеци во „предавничката“ влада ќе беше многу полошо од жена на гусарски кораб. Се случи баш сега страшна одмазда на историјата и тоа како фарса. На македонскиот патриотизам, гордост и достоинство му е зададен удар од …

Бугарка во владата, како жена на гусарски кораб Read More »

Премиерот Мицкоски ги засука ракавите


Премиерот Христијан Мицкоски ги засукал добро ракавите и орен е за работа со својот тим да го спасува болниот на Балканот, кој како што лично дијагностицирал, е на смртна постела и само што не умрел. Верувам дека тој како и сите пред него, верува во тоа што го ветува и го приложува како програма за …

Премиерот Мицкоски ги засука ракавите Read More »

Аирлија и со среќа нова влада


По седум години горчлив опозициски леб, ВМРО-ДПМНЕ повторно е на власт и ја презема одговорноста за вкупните состојби во државата. Да не беа некои лупинзи по големата изборна победа, искажани по инерција на опозициско дејствување уште пред да се конституира владата, веројатно ќе имаа право првите сто дена на мала поштеда да работат поспокојно, иако …

Аирлија и со среќа нова влада Read More »

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ градат консензус – колку тоа убаво звучи


Со голема љубопитност и внимание ги чекав реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери, особено на „Вреди“ за големото изненадување на наивните поради, да не речам, обнова на старото партнерство, туку постигнување на заеднички став со ДУИ за важни државни прашања, како што е зголемувањето на бројот на министерствата и на министрите и на државната администрација. Ќе има …

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ градат консензус – колку тоа убаво звучи Read More »

Ќе понуди ли Мицкоски кралство за коњ?


Додека траат подготовките за формирање на новата влада, последните резерви на патриотското погонско гориво на ВМРО-ДПМНЕ се потрошени. Соочен со новата реалност, тоа најдобро го знае Христијан Мицкоски. Знаеше и пред тоа дека по изборите завршува тој адреналин што го предизвикува патриотскиот вознес, било да се работи за односите со Бугарија и Грција, било за …

Ќе понуди ли Мицкоски кралство за коњ? Read More »

Ви помина ли гордоста?


Ете, толку траат гордоста и достоинството што ја вратија Македонија повторно да биде твоја. По големата изборна победа, не помина ниту еден месец, а веќе почнаа деновите на отрезнување и болно соочување со реалноста. И кај претседателот на државата Гордана Сиљановска-Давкова и кај победниците што ја делат власта и кај идниот премиер Христијан Мицкоски во полн …

Ви помина ли гордоста? Read More »

Вестите мора да почнат со успесите на владата


Би било фер на новата влада да ѝ се даде малку време да се конституира и да се остави 100 дена спокојно да работи без пожестоки критики на првите чекори на власта. Сакав да го применам тоа заборавено непишано правило, иако овој принцип во Македонија никогаш не е почитуван, додуша одамна застарен, не се применува …

Вестите мора да почнат со успесите на владата Read More »

Изборите неодржани, а власта се дели како на пазар


По големата победа од првиот круг на претседателските избори за победниците завршија и парламентарните избори пред да се одржат. Велат, готово е. Почна на големо лицитацијата за поделба на власта како на пазар, онака од око, или како што се вели на ѓутуре. Фрчат фактури од сите страни за наплата на својот дел од „твоја Македонија“ како да е …

Изборите неодржани, а власта се дели како на пазар Read More »

Што ни откри Мицкоски на ТВ дуелот?


 Има една убава работа и за навивачите и за учесниците на предизборните тв дуели – двете страни експресно прогласуваат победа. Комуникациските експерти, пак, тврдат дека ваквите соочувања немаат големо влијание кај гласачите за да бидат пресудни за изборниот резултат, но се смета дека е значајана демократска придобивка која кај нас не се практикува на сите …

Што ни откри Мицкоски на ТВ дуелот? Read More »

Мицкоски ќе нѐ качува на платформа


Со воодушевување ги прочитав клучните проекти од списокот на желби на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мистично насловени како „Платформа 1198“. Во наредните четири години нѐ очекуваат големи достигнувања и успеси, саде убавини и остварени соништа за подобар, побогат, побезбеден и подостоинствен живот. Се разбира, тоа може да се случи единствено по големата изборна победа што веќе е извојувана …

Мицкоски ќе нѐ качува на платформа Read More »

Трагедијата на изманипулираната нација


Многу се поинтересни и посодржајни секојдневните, да ги наречам, кафе муабети, без микрофони и камери, за политиката, за состојбите во Македонија, за прогнозите кој ќе победи на изборите, кој ќе биде претседател на државата, а кој премиер, отколку надвикувањата со лошо глумење на некаква загриженост и лутина на бројните целодневни и целовечерни телевизиски дебати. Во …

Трагедијата на изманипулираната нација Read More »

Го препознавте ли вистинскиот патриот


Во деновите на зимска пролет на ридот што ги дели Гази Баба, Бутел и Чаир на прекрасната голема полјана го сретнав мојот комшија како во кеси го собира ѓубрето што зад себе го оставиле некои несовесни „љубители“ на природата. Му велам на шега, си станал вистински патриот. Не, рече, патриотите вчера си направија убав викенд, …

Го препознавте ли вистинскиот патриот Read More »

За лажната дилема Албанец претседател и премиер


Како се одвиваат работите со предизборните пропаганди и кампањи веќе нема сомневање дека и на овие претседателски и парламентарни избори ќе преовладеат обидите да се наметне меѓуетнички конфликт меѓу Македонците и Албанците. Едните ги плашат дека како мнозински народ се понижени и сведени на граѓани од втор ред, а другите дека ништо не е остварено од ветувањата …

За лажната дилема Албанец претседател и премиер Read More »

Влегуваме во опасна предизборна кампања


Македонија влетува во кулминација на опасна, валкана и подмолна предизборна кампања. Војната за освојување на власта секој нареден ден до изборите поприма сѐ подраматични димензии на сите фронтови. Ако во текот на изминатите три децении независност на сите избори бевме жртви и сведоци на меѓуетнички конфликтни пропаганди полни со омраза кои не завршија со крајот на …

Влегуваме во опасна предизборна кампања Read More »

На ваша страна


Додека трае хаосот со пасошите, возачките, дозволи, сообраќајните книшки и налепници на регистерските таблички, осигурителните полиси кои ги запалија социјалните мрежи и станаа главна тема во сите медиуми, се присетив како ние, поборници на „големите политички и економски теми“, во постојана потрага по новинарски подвизи се соочивме со сознанието колку се значајни неправедно наречените „мали теми“ …

На ваша страна Read More »

Стоте дена на премиерот Талат Џафери


По утрото се познава денот какви ќе ни бидат стоте дена на привремената влада со премиер Албанец, чија најзначајна задача е да спроведе демократски, фер и веродостојни избори. Одбројувањето почна со триумфалистичките церемонии и еуфорија во ДУИ. Истовремено со изборот Албанец премиер се вжешти албанофобијата кај ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Силно одекна и шокантното откритие кај …

Стоте дена на премиерот Талат Џафери Read More »

Што ручаа Ковачевски, Заев и Ахмети


Можеме да здивнеме со олеснување бидејќи македонското истражувачко новинарство ја откри големата тајна на историскиот ручек кој траел рамно четири часа, тринаесет минути и 25 секунди кога премиерот Димитар Ковачевски задоволен ги испратил своите гости Зоран Заев и Али Ахмети. Го платил цехот, а оставил и голем бакшиш, бидејќи вештите готвачи успеале среде зима да подготват …

Што ручаа Ковачевски, Заев и Ахмети Read More »

Колку ЕУ може да ја промени Македонија?


Само уште неколкумина последни медиумски Мохиканци се бават со темата колку преговорите со Брисел и членството во ЕУ можеше, и сѐ уште може да ја промени Македонија, и колкави и какви штети им се нанесени на граѓаните што тоа не се случи досега. Виновниците за оваа катастрофална стратегиска грешка успеваат и натаму да мобилизираат следбеници …

Колку ЕУ може да ја промени Македонија? Read More »

Принудна управа или Европа?


Ако денес, по повеќе години, повторно го читам предлогот на еден поранешен премиер на Македонија дека треба да се укинат политичките партии и Собранието, а за спасување на државата да се воведе принудна управа под надзор на странци, немаше да бидам категорично против тоа еден бивш премиер на независна Македонија да објави јавно таква размисла …

Принудна управа или Европа? Read More »

Што нѐ чека во 2024 година?


Ако првиот одговор на претенциозниот наслов на оваа последна моја овогодишна колумна ви е: не знам, нѐ очекува голема неизвесност вие сте реален човек. Тоа е, според некои оценки, карактеристика на добро информиран оптимист, дистанциран од партиските постојани и особено предизборни кампањи. Други гатачи тој одговор за големата неизвесност што нѐ очекува го квалификуваат како …

Што нѐ чека во 2024 година? Read More »