„Sweetest taboo“ – Битола ќе ги слави безвременските хитови на Шаде


Во сабота, на 10 февруари 2024 година, на сцената на Народниот Театар во Битола,во 20 часот, ќе се одржи концертот кој ќе биде посветен на безвременските хитови на легендарната британска поп ѕвезда Шаде.

Свое деби ќе има ROCKESTRA – еден голем бенд составен од познати битолски музичари на кој ќе гостуваат познати женски вокали, кои ќе ги изведуваат најголемите хитови на Шаде.

Шаде – жената со неверојатна убавина и глас… Пејачката овој јануари го прослави својот 65 роденден. Светската музичка сцена Шаде ја освојува во текот на 1980-тите. И зад себе има преку 50 милиони продадени албуми. Нејзиното вистинско име е Хелен Фолашаде Аду, а родена е во гратчето Ибадан во Нигерија, на 16-ти јануари 1959 година. Благодарение на егзотичниот и убав изглед, но пред сè, соул музиката со примеси на џез и специфичната интерпретација, таа достигна планетарна популарност. Но, комплиментите не одат само во насока на пеењето и изгледот, туку и како композитор, текстописец, продуцент. Шаде се врати минатата година со нов албум, по пауза од 12 години.

Билети по цена од 300 денари можат да се набават на билетарата на Народниот театар Битола.