Свлечишта и поројни дождови во Јужна Кореја: Најмалку 18 загинати, 9 исчезнати

Најмалку 18 луѓе загинаа, а деветмина се водат како исчезнати по серија обилни врнежи и свлечишта што ја зафатија Јужна Кореја, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на владини податоци.
Од почетокот на врнежите во средата, повеќе од 14.000 лица биле евакуирани од своите домови. Над 2.000 случаи на поплавени патишта и оштетена јавна инфраструктура се регистрирани, а штета е нанесена и на повеќе од 2.200 приватни објекти.
Властите продолжуваат со спасувачките и расчистувачките активности во погодените региони, додека метеоролозите предупредуваат на продолжување на врнежите и во наредните денови.