Свиркач пријавил до СДСМ злоупотреби во Пошта од 300.000 евра годишно
Граѓаните се вклучија во борбата против корупцијата и криминалот, а до Антикорупцискиот тим секојдневно пристигнуваат пријави, генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, на прес-конференција .
Тој денеска наведе дека од свиркач била пријавена организирана кражба на 25.000 евра месечно или 300.000 евра годишно во Пошта преку договорот со фирмата „БС Клининг“ ДООЕЛ. Свиркачот е вработен во Пошта и испратил писмо до групата АКТ на СДСМ. Од партијата велат дека оваа фирма била блиска на владиниот коалициски партнер ЗНАМ.
Според тендерот за хигиена во сите 14 поштенски подружници задолжително треба да има по 2 хигиеничари/ки, а во Пошта 2 задолжително по 10 хигиеничари.
А каква е реалната состојба? Само во 4-5 подружници има по 2 и работата само неколку часа дневно. Во другите 10 подружници има само по 1. Во Пошта 2 само 6-7. Значи постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари. Според тендерот, треба да има во сите 14 подружници по 2 хигиеничари.
Преку константниот недостаток на 14 хигиеничари, како и скратеното работно време на останатите кои реално работат, доаѓаме до пресметката за тоа колку пари месечно е загубата.
„Според писмото на вработениот во Пошта, тоа се прави со потпишување на лажни дневници за целосно отсустните хигиеничари и со лажни извештати за реализирани генерални чистења, кои воопшто не се реализираат. Во чии џепови завршуваат испумпаните пари?“, праша Димитриевиќ.