„Светска, а сепак наша – концерт на Зарина Првасевда во Јавна соба


Во Јавна соба и оваа сабота продолжуваат сесиите насловени како „Светско, а наше – Саботи на светска музика“. 

По експресно распродадениот концерт во Македонската филхармонија, и бројните претставување на сцените низ Европа, најголемото освежување на македонската и светска традиционална музика Зарина Првасевда, заедно со својот ансамбл ќе се претстави со целовечерен концерт на интимната сцена во Јавна Соба.

Зарина кон крајот на минатата година беше победник на “UpBeat – Best New Talent Award 2023” на интернационалната UPBeat платформа, а нејзиниот деби албум “ЕХО”, кој е отпејан на 4 јазици е издаден за една од најголемата  издавачка куќа на Балканот – “Croatia Records”.

Ансамблот на Зарина Првасевда се состои од исклучителни музичари, со високи достигнувања и сериозен придонес кон музичкото творештво, музичко – сценската дејност, издаваштвото во Македонија, во различни правци и насоки од областа. Двајца членови на ансамблот се прогласени за најдобри џез музичари и тоа Андреа Мирческа 2020, а во 2023 година добитник на престижната награда е Драган Теодосиев. Повеќето од нив се бават со педагошка работа и музичка едукација на млади, а имаат и вложено сериозен и долгогодишен труд во градењето и создавањето на голем дел од актуелната сцена во Македонија, а се разбира голем дел од таа музика била изведувано и надвор од границите на Македонија.

Во нејзиното портфолио има бројни соработки и вокални аранжмани со голем број на домашни и странски музичари, современ танц, како и филмски проекти, а својата музика концертно ја има претставено на реномирани фестивали во Франција, Унгарија, Хрватска, Бугарија и секако Македонија. Албумот „Ехо“ во 2022 година беше дел од топ 10 најслушани албуми на Балканската светска музичка листа.

Билетите за концертот на 24. Февруари во Јавна Соба можат да се обезбедат онлајн преку веб платформата drugastrana.mk