Светскиот туризам загуби 320 милијарди долари поради Ковид-19


Пандемијата на новиот коронавирус предизвика загуби од 320 милијарди долари за светскиот туризам во периодот од јануари до мај, според податоците на Светската организација за туризам, јави дописникот на МИА.

– Тоа е трипати повеќе од загубите забележани во приходите на светскиот туризам за време на економската криза во 2009 година, оцени организацијата која работи под покровителство на ОН во Мадрид.