Свеченост за завршување на проектот на Јапонската програма за мали проекти


 

Јапонскиот амбасадор во земјава Хиронори Савада денеска ќе присуствува на церемонија по повод завршување на проект во рамки на Јапонската програма за мали проекти (ГГП).

Церемонијата е во организација на ЈЗУ Здравствен дом – Скопје и директорот проф. д-р Виктор Исјановски, како знак на благодарност за донацијата во вкупна вредност од 40.420 евра.