Свечена Илинденска академија на Македонски концепт
Политичката партија Македонски концепт одржа свечена Илинденска академија по повод две години од своето постоење.На неа беа присутни мајки на починати бранители, премиерот Христијан Мицкоски, министри и коалициони партнери од коалицијата “Твоја Македонија”.
Настанот беше одбележан со свечености како доделување свежо цвеќе на Мајките на нацијата и говори што ги одржаа двајци претставници на младата генерација активисти на Македонски концепт – Самуел Наумовски Викиус, специјалист по глобални студии на Линаеус Универзитетот во Шведска и Васил Петровски, првенец на генерација дипломци по бизнис менаџмент и финансии на Кингстон универзитетот во Лондон.
Говор исто така одржа и претседателот на политичката партија Петар Богојески кој истакна дека се зафатиле за најтешкото, а тоа е да ги вратат младите назад во Македонија, со оценка дека ова е историски и клучен момент за државата и дека нема простор за грешки. Тој беше дециден дека посветеноста на новата Влада за нова иднина на Македонија е приоритетна цел на која посветено работи и партијата Македонски концепт.