Судски документи: Ќерката на Мајкл Џексон добила 65 милиони долари од имотот

Лос Анџелес – Во драматичен правен пресврт во еден од највредните имоти на познати личности во историјата, ќерката на Мајкл Џексон – Парис добила приближно 65 милиони долари. Имено, според списанието „Пипл“ (People), овој податок е дел од тужбата поднесена од извршителите на имотот на починатиот крал на поп-музиката, како одговор на нејзиниот правен предизвик за преиспитување на нивната контрола и транспарентност, особено во врска со наводните нивни бонуси и исплати на награди во 2018 година.
„Малкумина имале поголема корист од деловната проценка на извршителите, отколку самата тужителка, која доби приближно 65 милиони долари како бенефиции од оставината. Таа никогаш не би добила толку многу, ако извршителите го следеле типичното сценарио за имот како ова во јули 2009 година“, се наведува во тужбата.
Парис Џексон поднесе барање претходно оваа година, оспорувајќи го она што нејзините адвокати го нарекоа прекумерни „подароци“ и „бакшиши“ од 625.000 долари исплатени на адвокатски фирми. Во барањето од 24 јуни се тврди дека двете адвокатски фирми ги добиле своите потенцијални „бонус-исплати“, прекршувајќи „судска наредба што дозволува делумно плаќање на адвокатските трошоци само додека не се добие судско одобрение“. Како одговор, извршителите на имотот на Мајкл Џексон остро се спротивставиле.
„Бонус-исплатите не се исплаќаат без надомест, тие се исплаќаат за исклучителна услуга и труд, а бонусите не се целосно преземање на контролата – тие се предмет на одобрение од Судот за оставина“, истакнуваат тие.
Извршителите тврдат дека го претвориле она што некогаш било длабоко задолжен имот – во просперитетен глобален бренд.
Повикувајќи се на претходна пофалба од судијата, во тужбата се наведува: „Пресудата за извршителот што почна со обврски и долгови се претвори во оставина од 2 милијарди долари“.
Во меѓувреме, компанијата „Сони“ (Sony) ги купи акциите на Мајкл Џексон во „ЕМИ“ во 2018 година, при што, извршителите наводно побарале одобрение за исплата на 625.000 долари на адвокатските фирми.
Она што останува неоспорено е наводниот обем на финансиската корист на Парис Џексон.
Во времето на неговата смрт во 2009 година, Мајкл имал повеќе од 500 милиони долари долг. По неговата смрт, одговорноста за долгот премина на неговиот имот, а Парис и нејзините браќа – Принс и Биги, беа именувани за корисници. Следното рочиште за овој случај е закажано за утре – четврток, 16 октомври.