Судир на ривалски банди во мексикански затвор, шестмина мртви


Шестмина осуденици се убиени во судир на ривалски групи во затвор во централната мексиканска држава Морелос.

Меѓу нив има и поранешен водач на криминална банда осомничен за 43 исчезнати студенти во 2014 година.

Двајца осуденици се повредени во судирот и со хеликоптер биле пренесени во најблиската болница.

Властите соопштија дека во затворот се упатени припадници на полицијата, армијата и Националната гарда  со цел целосно воспоставување контрола.

Меѓу убиените е и Рејмундо Исидро, поранешен лидер на криминалната банда „Герерос унидос“ во Морелос.