Студенти нападнати со безбол палки во Нови Сад, една девојка хоспитализирана
Студенти во Нови Сад синоќа биле нападнати со безбол палки, а според последните информации е повредено едно девојче.
Во соопштението на студентите, кое го пренесоа српските медиуми, се наведува дека едно девојче е во Клиничкиот центар во Војводина.
Таа наводно имала изместена вилица и повреди по целото тело, додека неколку ученици се здобиле со полесни повреди.
Студентите тврдат дека напаѓачите излегле од просториите на Српската напредна странка (СНС).
Нападот се случи кога студентки од Медицинскиот факултет залепиле налепница на корпа за отпадоци пред просториите на СНС, повикувајќи на протест на 1 февруари во Нови Сад.
„Најостро го осудуваме овој напад и сме згрозени од состојбата на нашето општество во кое е дури можна оваа ситуација. Бараме што поскоро да се идентификуваат одговорните лица за нападот врз студентите и да се постапи со нив во согласност со право“, се вели во соопштението на студентите.