Стручњаците откриваат кои лекови никогаш не смееме да ги пиеме со алкохол


 

Во случајд а земаме одредени лекови, тие во комбинација со алкохол може да остават многу последици на нашето здравје. Кога станува збор за некои лекови, нивното земање со алкохол значи дека едноставно нема да бидат толку ефикасни, додека во други случаи вакво нешто може да биде опасно по живот.

Како што пишува Science Alert, постојат лекови кои во никој случај не смеат да дојдат до контакт со алкохол, а тоа се лекови против депресија, анксиозност, шизофренија, болки (освен парацетамол), нарушено спиење, алергии, настинка и грип.

Секој од овие лекови може да предизвика сериозни последици за нашиот организам.

Имено, земање алкохол со спомнатите лекови може да нѐ направи поспани, да ни го успори пулсот и дишењето, а во екстремни случаи може да доведе до кома или смрт. лекарите предупредуваат дека најлоши последици има кај оние кои земаат два или повеќе вида лекарства.

Зошто се случува тоа?

Откако ќе се напиеме лек, тој патува во желудникот, кој го праќа до црниот дроб, каде се метаболизира и разградува, а потоа оди во крвотокот. Секој лек кој го земаме посебно се дозира, а кога го пиеме со алкохол, тоа значително може да влијае на тоа како се метаболизира лекот.

Некои лекови се метаболизираат повеќе, што значи дека недоволна количина на лекот стигнува до крвотокот, па со тоа е помалку ефикасен. Други пак лекови се метаболизираат помалку, што значи дека во крвта стуигнува многу поголема доза од препорачаната, а тоа во неретки случаи знае да доведе до предозирање.