Стопанска банка: Привремен селективен застој на одредени картични трансакции


Стопанска банка -Скопје извести дека во текот на попладневните часови вчера (3.10) и повторно денеска од 8:15 часот се појавува привремен селективен застој на одредени картични трансакции.

„Доколку одредена трансакција не поминува успешно, обидете се да ја повторите. Сепак, не станува збор за прекин, туку за загушување во одредени временски интервали“, соопштија од Стопанска банка преку нивниот официјален Фејсбук профил.

Од таму додаваат дека нивниот тим заедно со процесинг центрите работат на брзо надминување на овие појави.