Столтенберг ќе биде нов министер за финансии на Норвешка
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, треба да биде новиот министер за финансии на Норвешка во рамки на владината реконструкција што денеска ќе ја објави премиерот Јонас Гар Сторе, информираат од јавниот сервис НРК.
Столтенберг беше лидер на Лабуристичката партија и премиер на Норвешка неколку години, пред да биде генерален секретар на НАТО од 2014 до 2024 година.
Сторе ја презеде функцијата лидер на Лабуристичката партија по Столтенберг.