Стјуарт Пич кај Пендаровски ја претстави британската донација

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Стјуарт Пич, специјален претставник на Велика Британија за Западен Балкан.
На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во регионот, како и за влијанието на руската инвазија врз Украина по стабилноста и безбедноста на европскиот континент.
Пендаровски истакна дека Македонија придава особено значење на развојот на билатералните односи со Обединетото Кралство. Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари за најновата британска донација што вклучува 14 мобилни единици за обука на припадниците на Армијата во урбана средина, што денеска ќе биде примопредадена на полигонот „Криволак“, оценувајќи ја како уште една потврда на силното сојузништво на двете држави – членки на НАТО алијансата.