Стевчо Јакимовски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Карпош
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски повторно влегува во трка за градоначалничката функција во скопската општина. Јакимовски денеска на Фејсбук ја објави својата намера да влезе во трката за градоначалник на Карпош на претстојните локални избори
„Сакам да ве известам дека одлучив да се кандидрам за следен градоначалник на Општина Карпош на претстојните локални избори“, напиша лидерот на ГРОМ.
Јакимовски беше прв човек на Општина Карпош во период од 2000 до 2003 и од 2009 до 2017 кога на функцијата го наследи сегашниот градоначалник, Стефан Богоев.