Стефковски потпиша договор за бесплатна градинка на дечиња Роми – ќе влезат ли и децата од Вардариште?


Фото: Б. Грданоски

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово сподели дека потпишале важен договор за поддршка на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински детски градинки“, со кој обезбедуваат целосно бесплатен престој и инклузија на овие дечиња во предучилишното образование.

„Инклузијата се спроведува во клоновите на ЈУДГ 25 Мај, каде што родителите се целосно ослободени од надоместок за престој на нивните деца“, посочи Стефковски.

Тој додава дека секое дете е драгоцено и затоа Општина Гази Баба активно работела тие дечиња од најмала возраст да бидат вклучени во воспитно-образовниот процес и да ги имаат истите можности како сите други.

„Како локална самоуправа имаме обврска да создадеме услови во кои секое дете ќе расте, ќе се развива и ќе прерасне во самостојна, силна личност. Грижата за секое дете е наша заедничка мисија“, порача Стефковски.

Сепак, Стефковски не појаснува дали меѓу овие деца ќе бидат и оние кои живеат во имрповизирани живеалишта покрај неформалната депонија Вардариште.  Според изјавите на надлежните, во тие куќички живеат повеќе од 200 лисат од кои повеќето се малолетни.