Стапката на невработеност во Словенија е највисока во последните речиси четири години
Стапката на невработеност на Меѓународната организација на трудот (МОТ) во Словенија во ноември се зголеми седми месец по ред на највисоко ниво од почетокот на 2021 година, покажаа денешните прелиминарни податоци на Заводот за статистика на Република Словенија.
Стапката на невработеност на МОТ се искачи на 5,2 од 4,9 проценти во октомври. Стапката беше највисока од февруари 2021 година, кога изнесуваше 5,4 отсто, пренесе ДПА.
Во ноември минатата година стапката на невработеност изнесуваше 3,5 проценти.
Во Словенија во ноември имало 54.000 невработени од возрасната група од 15 до 74 години.