Стаорците ги „заземаат“ рибарските градови во Австралија: Ги има насекаде, уништија автомобил
Квисленд со месеци се бори со премногу стаорци, кои буквално ги заземаат австралиските рибарски градови.
Зголемувањето на популацијата на стаорци ги принуди овие глодари да се упатат кон брегот во потрага по храна, но многу од нив не го преживеаја патувањето.
„Човеку, стаорците ги има насекаде. Тие буквално го уништија автомобилот во текот на ноќта, ги искинаа сите кабли во моторниот простор“, изјави за AFP жителот на Нормантон, Дерек Лорд.
Тој додал дека неговите патки „полуделе“ откако стаорци им упаднале во кафезите.
Во градот Карумба во изминатите неколку недели се раширија стаорците, а жителите тврдат дека тоа негативно ќе се одрази на туризмот. Инаку, Карумба е познат град по риболов и набљудување птици.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледаат мртви стаорци во вода, додека околу нив летаат муви и други инсекти. Во вториот клип се гледаат како лебдат во реката.
Растот на популацијата на стаорци е зголемен од комбинација на идеални влажни услови за размножување и изобилен принос. Во Квинсленд се очекува влажно време, па жителите веруваат дека најлошото допрва доаѓа.
Делови од Квинсленд и Нов Јужен Велс се борат со зголемениот број на стаорци, при што нивната популација достигнува нивоа слични на чума, кои не се забележани од 2011 година.