ССК: Ангелоски единствен претставник од ЈИЕ во Генералниот совет на Светската коморска федерација на Економски самит во Истанбул


Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) присуствува на првиот регионален самит на Светската коморска федерација за Европа и Азија ,кој се одржува на 15-16 октомври во Истанбул,Турција. На регионалниот самит  во Истанбул се присутни  повеќе од 700 делегати од земјите од сите региони, од над 40 земји ,каде што се одржа и состанокот на Генералниот совет на Светската коморска федерација (WCF) каде единствен член од Југоисточна Европа е претседателот Трајан Ангелоски.

Темата на настанот, „Колаборативен пристап кон климатската акција“, се фокусира на обезбедување информации за најновите случувања во климатските промени и подигање на свеста за практиките што Коморите и бизнис заедницата ги спроведуваат како одговор на размислувањата за климатските ризици, корпоративни стратегии и корпоративни општествени одговорности.

Значајни теми на панелот на настанот во Истанбул се: „Подобрување на глобалната соработка за забрзување на транзицијата кон нето нула“, „Улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и промени“, „Користење технологија за одржлив развој и кружна економија“ и „Подобрување финансирање на климата и декарбонизирање на синџирите на снабдување“.

„Во раздвижениот свет на бизнисот, Коморите  стојат  како светилник на поврзување и соработка ,тоа е место каде што бизнисите од сите големини се здружуваат за да споделат идеи, да создадат партнерства и да придонесат за економскиот просперитет на нивниот регион. Како
претприемач и долги години вклучен во бизнис секторот, градењето силни  коморски врски  може да ги отвори вратите за нови можности, партнерства и клиенти,главна цел на коморското делување  е да создадеме  трговски алатки и да поставиме стандарди и најдобри практики кои имаат практично влијание за бизнис секторот“, изјави Ангелоски.

Светската коморска федрација е суштински и кредибилен посредник меѓу владата, бизнисот и пошироката јавност,и е глобално здружение за сите стопански комори ширум светот со мрежа од 12.000 стопански комори .Со историја која се протега над 400 години Коморите денес постојат во речиси секоја земја и нудат многу програми и услуги за поддршка на трговијата и развојот. Светската коморска федерација ги застапува интересите на локалните, националните, регионалните, билатералните  стопански и индустриски комори ширум светот, но го претставува и гласот на бизнис заедницата во најрелевантните светски организации како Организацијата на обединети нации – ООН, Г20, Светската трговска организација, Светската банка, како и Европската банка за обнова и развој.