Средношколец во Хрватска добил единица на онлајн настава по физичко
Еден ученик во средно училиште во Хрватска добил единица за време на онлајн наставата по физичко, пишува хрватски „Јутарњи лист“.
Повикувајќи се на соговорници блиски до ученикот, професорот поставил апликација преку која од ученикот се барало да прати доказ дека направил неколку вежби, односно да го измери пулсот.
„Бидејќи тоа не го сторил во предвидениот рок, професорот му дал „единица“ во вид на белешка што била внесена во е-дневникот“, пишува весникот.
„Јутарњи“ посочува дека во првите десет дена од почетокот на учење преку Интернет, што беше воведено поради епидемијата на корона вирусот, биле обележени со хакерсски напади, паѓање на системот, земјотресот во Загреб, отстуство на оценки и тестови, како и голем број прашања на кои наставниците, учениците и родителите сè уште немаат одговор.
Во Хрватска, околу 450.000 ученици и наставници во основните и средните училишта, како и околу 70,000 студенти во високото образование, наставата ја следат преку сервисите CARNet и SRCE.