Средба на Мицкоски со лидерите на Вреди вечерва во Владата

Вечерва во Владата се одржува средба на премеирот и лидер на владејачката ВРМО-ДПМНЕ и претставниците на коалицијата Вреди (Влен).
Засега нема информација за темите за кои ќе се разговара на состанокот, но средбата доаѓа по најновите случувања во коалицијата Вреди, откако претседателот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, најави дека на следните локални избори ќе настапува самостојно иако намерите на коалицијата беа да се оди со заеднички кандидати и листи.
Во неделата во Владата, се одржа средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари околу иднината на функционирањето на АА во Владата ќе продолжат, a исходот треба да се знае овој месец.
Според бифинзите, средбата меѓу Мицкоски и Таравари поминала во конструктивен тон, а во текот на месецов ќе се знае иднинатата за функционирањето на АА, откако премиерот на средбата ги потврдил претходно изнесените позиции дека партијата на Таравари треба да реши дали ќе продолжи во Владата и ќе оди по „патот на реформи и владеење на правото, борба за праведно општество и институции кои функционираат“ или ќе им се придружи на „оние политички сили кои со години ја криминализираат и уништуваат државата“, односно ќе соработува со опозициската ДУИ.
Кон крајот на април коалицијата Вреди/Влен најави мораториум на сите јавни политички активности на партиите што ја сочинуваат и соопшти дека отсега ќе делува како единствен политички субјект. Тогаш Изет Меџити од Демократско движење, уште еднаш рече дека Владата е стабилна и дека нема потреба од предвремени парламентарни избори.