Средба на Мицкоски со амбасадорите од ЕУ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорите на државите-членки на Европската унија и се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата на патот кон интеграцијата во Унијата.
Според соопштението од владината прес-служба, Мицкоски ги информирал амбасадорите за намерите на Владата за спроведување на клучни реформи во правосудството, борбата против корупцијата, економскиот раст и инвестициите кои треба да ја приближат нашата земја до европските стандарди.
Амбасадорите на ЕУ, според соопштението, ја потврдиле својата поддршка за процесот на евроинтеграција на Северна Македонија и изразиле подготвеност за понатамошна соработка и помош во реализацијата на реформските процеси.