Средба на читателите со авторката на наградениот роман „Некој бил тука“
-„Некој бил тука“ е психолошки убедлив и вознемирувачки длабок роман, го лови моментот кога болката станува лудило и смрт. Овде ќе сретнете мртви риби со ококорени очи, во ќеса, спремни за чистење, безглави кокошки што летаат, турпија во прашина, отров во плико… – смртта демне на сите страни во романов. Обеспокојувачка драма раскажана на зачудувачки поетичен и смирен начин, вели Никола Гелевски, уредник на книгоиздателството „Темплум“.
Ова е прв роман на Андова-Шопова, која досега објавувала поезија, хаику и раскази. Во 2013 година ја објави првата поетска книга „Влезот е од другата страна“, а втората стихозбирка „Поврзи ги точкитe“ беше објавена во 2015 година.