Србија во 2023 година ќе треба да се задолжи со дополнителни 3 до 4 милијарди евра

Претседателот на Фискалниот совет, Павле Петровиќ, процени дека Србија во 2023 година ќе треба да се задолжи за дополнителни 3 до 4 милијарди евра, пренесе Блиц.
– Србија следната година ќе мора да преземе значителен долг. Доспева долгот од четири милијарди за кој таа ќе се задолжи за да може да го врати. Две до три милијарди ќе бидат поврзани со дефицити. Од друга страна, Србија веќе има некои резерви, веќе се задолжи од Емиратите. Околу 3 до 4 милијарди евра сигурно дополнително ќе треба да се позајмат, а каматните стапки сега се најмалку од 7 до 8 проценти, рече Петровиќ.
Тој на седницата на Комитетот на српскиот парламент за финансии, републички буџет и контрола на трошењето на јавните средства, образложувајќи го Извештајот за работата на Фискалниот совет за 2021 година, оцени дека се работи за непродуктивно трошење на средствата, и причината зошто долгорочниот јавен долг треба да се држи под контрола.