Србија: Цената на струјата за компаниите повисока за 170 насто


Поради поскапувањето на струјата за стопанството за 2,7 пати, дел од српската економија ќе запре бидејќи нема да може да го издржи тој притисок, а други тој трошок ќе го вградат во цените на финалните производи, предупреди претседателот на српскиот бизнис клуб „Привредник“ и сопственик на „Поинт груп“ Зоран Дракулиќ и порача дека тоа земјата ја „турка“ кон уште поголема инфлација во 2022 година.

Во авторскиот текст за НИН, Дракулиќ објаснува дека по најавата на српската министерка за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, за повисоката цена на струјата за стопанството, неговата компанија се обратила до „Електропривреда Србије (ЕПС)“ и ја добила цената на струјата 2,7 пати повисока од онаа што ја плаќа оваа година.

„Добро читате – не за 27 проценти повисока, туку за 2,7 пати или 170 проценти повеќе. Дали бевме на добар шалтер“, запраша Дракулиќ.

„Со таа, 2,7 пати повисока цена, мојата средна компанија со 100 вработени, само по основа на разликата меѓу идната и сегашната цена на струјата, ќе покрие 2,5 отсто од 90-милионската инвестиција на ЕПС. Тоа јавно претпријатие ќе стане економски гигант“, рече Дракулиќ.

Според него, стратегијата очигледно е сведена на удирање на српските тајкуни, големи и мали. (ФоНет)