„Спејс икс“ со четиричлен екипаж астронаути лансиран кон Меѓународната вселенска станица


Двајца американски астронаути, еден руски космонаут и еден од Обединетите Арапски Емирати тргнаа на пат кон Меѓународната вселенска станица (ISS), јави ДПА.

Четиричлениот екипаж кон Меѓународната вселенска станица беше лансиран во 12:34 часот по локално време од вселенскиот центар на НАСА – „Кенеди“, во Флорида.

Астронаутите се наоѓаат во леталото „Сrew Dragon“ од приватната вселенска компанија на Илон Маск, „SpaceX“.

Во екипажот на„SpaceX“  се американските астронаути се Стивен Бовен и Ворен Хобург, Русинот Андреј Федјаев и Султан ал Нијади, од Обединетите Арапски Емирати.

Се очекува екипажот на Меѓународната вселенска станица да пристигне утре и таму да остане околу шест месеци, пренесе ДПА.