Спасовски: Во програмата на новата власт нема нови, туку проекти што треба да се довршат


Оливер Спасовски, координаторот на пратеничката група на СДСМ, прв реплицираше по експозето на мандатарот Христијан Мицкоски, пред формирањето на новата влада, па рече дека во заедничката програма на новата владеачка коалиција нема нови проекти, туку довршување на веќе започнати.

Според Спасовски во документот нема рокови до кога ќе се реализираат проектите, ниту пак,  финансиска конструкција за тоа колку пари ќе се потрошат и како ќе се обезбедат.

-И многу прашања кои сте ги ставиле како големи идни достигнувањња, се нешто што постои и функционира во државата. Напишана е колку да се каже дека ќе правите нешто… На пример, сте напишале дека ќе воспоставите видео-надзор на граничните премини, а тој систем постои 30 години и тоа не еден, туку два – на Царинска управа и на МВР – рече Спасовски.

Иако се најавуваше изградбата на инфраструктура – освен доградба на проектите како Кичево – Охрид и „Бехтел и Енка“, кој ви беше коруптивен, сега со задоволство е ставен во програмата.. Но, таквиот пристап е чесен, ако веќе нема план – заклучо Спасовски.

За предлог-министрите и вицепремиер додаде дека „кадрите се продолжение на владеењето од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, во која има такви и од она во 90-тите.

Забележа дека покрај најавите за еднаквост и рамноправност во новата влада ќе има само три министерки. За едната рече дека ја знае и дека таа според него преди за неколкумина мажи, но останува впечатокот дека новата власт не дала доволно простор, ниту високи позиции на политичарките.