Спасовски: Доаѓа време на правда, ред и дисциплина


Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на  првата прес-конференција откако се врати на оваа функција најави дека продолжува со импелементација на стратегиите подготвени во изминатиот период што треба да придонесат за поефикасна работа на македонската полиција.

– Добрите реузлтати на полицијата доаѓаат со работа на мотивирани полициски службеницим на кои постојано им ги подобрувавме и ќе им ги подобруваме условите за работа и стандардот, а тоа треба да го направиме уште поинтензивно во наредниот период, рече Спасовски.

Тој информира дека се продолжува и со реновирање и реконструкција на полициски објекти, но и со изградба на нови објекти и набавка на нови унигоформи. Во напредна фаза, истакна Спасовски, е и изградба на зградата на крим техника со современа форензичка лабораторија, со што ќе се влијае и на брзината на постапките. Граѓаните, рече, со право очекуваат современи методи на постапување на полицијата, адекватни на оние во современите земји.

Информира дека се продолжува со процесот на дигитализација на услугите за граѓаните, модернизација на базите на податоци, целосна функционалност на модерниот центар на податоци во Прилеп, а еден е приоритетите е воведување нов концепт за сигурност во сообраќајот во урбаните центри, што подразбира јасна и ригорозна регулација на брзините во населените места, поставување систем од камери за контрола на почитување на правилата и на брзината, но и целосна автоматизација на процесот на казни и нивно врзување со регистрацијата на возилото. Со тоа, оцени Спасовски, значително ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Граничните премини, подвлече, ќе се модернизираат со инсталирање дигитални читачи на регистарските таблички, а ќе се финализира концептот на маалски полицаец.

МВР во соработка со МО и МИА ќе ги продолжи реформите и во областа на сајбер безбедноста, а во соработка со другите институции и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

Полицијата ќе даде и полн придонес за успешно спроведување на пристапните преговори со ЕУ зацпоглавјето 24 – борба против корупција и организиран криминал како едно од клучните поглавја во процесот.

Ќе се интензивира борбата против илегалната миграција и трговијата со луѓе, најави Спасовски изразувајќи очекување да продолжи соработката со меѓународните партнери и граѓанскиот сектор во остварување на овие цели.

Министерот Спасовски додаде дека полицијата е партнер со медиумиските работници и во таа насока ќе се продолжи заедичката соработка, да се штитат медиумите и новинарите, превентивно да се делува и да се санкционираат сите оние кои ќе се обидат вербално или физички да нападнат медиумиски работник.

– Ќе ги санкционираме и полициските службеници кои работата противно на законите и ги злоупотребуваат нивните овластувања. Во изминатиот период имаше такви примери што беа презентирани во јавноста и очекуваме многу скоро да бидат соодветно санкционирани, затоа што е чест да се бид еполициски сужбеник, да се служи на граѓните и на државата и секој што ја носи униформата на макеоднката полиција мора да биде пример за чеснот, одговорност и на почитување на законите, дециден беше миниитерот за внатрешни работи.

Осврнувајќи се на реализираните полициски акции во претходните денови во борбата против криминалот, пред се, во справување со нелегалната трговија со наркотици, министерот Спасовски најави сериозни акции кои директно ќе влијаат во борбата против криминалот и корупцијата.

– Доаѓа време на ред, правда, ред и дисциплина. Законите се донесени и сега е време за нивно брзо и доследно спроведување. Владата ќе биде партнер на сите чинители во законодавната, извршната и судската власт, како и граѓанското општество, медиумите и групите од интерес кои сакаат да придонесат кон градење на системот на правда, што ќе им служи на граѓаните и на државата, рече министерот Спасовски.

Република Северна Македонија, потенцира Спасовски, доби нова мала ефикасна и одговорна влада подготвена да работи и да сработи посветено во интерес на граѓаните и на државата.

– Со изборот на Владата го комплетираме системот на ефикасни и силни институции со полн капацитет и легитимитет, кој ефикасно ќе работат во надминување на последиците и предизвиците предизвикани со корона кризата, што е дополнителен мотив да работиме двојно повеќе и тоа што е можно со помалку последици, истакна министерот Спасовски и додаде меѓу другото очекува да продолжи и одличната соработката со медиумите.