Спасени сите деца од жичарницата што висеше над провалија во Пакистан (ВИДЕО)


Пакистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека сите осум лица, од кои шест деца, се извлечени од жичарницата која висеше над провалија на висина од над 300 метри, јави „Би-Би-Си“.

Спасувачката операција во која беа вклучени командоси од армијата на Пакистан е официјално завршена.

На жичницата утринава кога децата оделе на училиште пукнале жици, а внатре имало и наставник кој пријавил се и повикал помош.