Состанок за енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори на енергија


Енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори на енергија ќе бидат во фокусот на денешниот состанок на министерот за економија Крешник Бектеши со претставници на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во рамки на Стопанската комора на Северна Mакедонија.

На состанокот ќе присуствуваат и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, како и претставници на МЕПСО и ЕВН, најави Министерството за економија.

По завршување на состанокот се предвидени изјави за медиумите.