Сопственикот на Интер Мајами ја откри годишната плата на Меси
Мајами – Сопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас, откри колку заработува аргентинскиот напаѓач Лионел Меси годишно.
Фудбалерот игра за Интер Мајами од летото 2023 година и освои четири трофеи со клубот.
– Причината зошто ми требаат спонзори од светска класа е затоа што фудбалерите се скапи. Јас му плаќам на Меси, тој вреди секој долар, но тоа е помеѓу 70 и 80 милиони долари годишно, изјави Мас за „Блумберг“.
Сепак, сопственикот на клубот не навлезе во детали за договорот на Меси или за структурата на неговите годишни плаќања.
Меси претходно играше за Барселона и ПСЖ.
Триесет и осумгодишниот Аргентинец е осумкратен освојувач на Златната топка.