Сопругата на Орце Ѓорѓиевски го сврте вниманието со „брендираната чанта“
Сопругата на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, вчера на свечениот отчет за првите 100 дена од мандатот, во Филхармонија , предизвика внимание со својот елегантен изглед во црно од глава до петици и „брендирана чанта“.

Во партиското соопштение на СДСМ, се вели дека чантата е од брендот „Хермес“, еден од најекслклузивните и најскапи бренд чанти во светот и дека „вакви чанти, Hermes mini Kelly 2 (20 cm) чинат од 28.000 до 33.000 долари“.
По соопштението на СДСМ, се огласи и сопругата на Ѓорѓиевски.
„…За волја на вистината, фактите се следни. Мојата чанта не е некакви 30 000 долари како што тврди СДС, ниту е Хермес, туку е купена од продавницата на Obuca Metro Македонија, и тоа на попуст за 944 денари“, изјави Ѓорѓиевска.