Сончево и топло за Велигден – по празниците , дождови

Во деновите од продолжениот велигденски празничен викенд времето ќе биде стабилно, сончево и топло.
Само утре ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно време со локален дожд и грмежи, особено претпладне, соопшти УХМР.
Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и грмежи.
Минималните утрински температури ќе се спуштат до пет степени, а максималните дневни ќе достигнат 26 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и грмежи.