„Соларни стебла“ може да полнат електрични автомобили


 

Тим истражувачи од Универзитетот во Шефилд работат на развој на прототип на „соларно дрво“ кое може да полни електрични автомобили.

Универзитетот соработува со компанијата „SolarBotanic Trees“ за со заеднички сили да развијат прототип спремен за производство. Овие „соларни стебла“ ќе бидат поставени на „естетски осетливи локации“ и така лесно ќе се вклопат во околината.

Ќе бидат направени од нано фотонапонски „лисја“ кои апсорбираат светлосна енергија, а која директно може да се пренесе на нешто на кое муи е потребна или пак да се пренесе во систем за складирање и управување со енергија движен од технологија со вештачка интелигенција.

Концептот е смислен пред седум години, а прототипот ќе биде развиен се до финалната верзија која ќе биде достапна кон средината на 2023 година. „Соларните стебла“ ќе се наоѓаат на паркинзите на аеродромите, во трговски центри, на спортски стадиони, изложбени центри и друго.

RAW Charging Group веќе нарачал 200 вакви стебла.