Собранието ја формираше Анкетната комисија за трагедијата во Кочани и другите несреќи
Денес, со 84 гласа „за“, без ниту еден против или воздржан, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, Собранието ја формираше Анкетната комисија за утврдување на околностите за трагедијата во Кочани и другите несреќи и трагедии во Македонија, извести Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да се дискутира за сите трагедии во минатото, меѓутоа сметам дека имаме обврска да организираме и посебна Анкетна комисија само за трагедијата во Кочани. Поради тоа што мора да имаме одговорност пред општеството, пред државата. Тоа е пред се на барање на родителите, на загинатите и повредените деца. И апелирам сега до сите пратеници да го поддржат формирањето и одржувањето на таа анкетна комисија само за трагедијата во Кочани, изјави Филипче.
„Рековме немаме проблем ќе гласаме и ќе ја поддржиме и иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и владеачката коалиција во којашто сака да се разговара за сите трагедии претходно. Во јавноста излегоа повеќе луѓе, ги коментираа овие иницијативи, правници и така натаму. Легитимни се нивните ставови. Треба да се земе предвид дали има, дали нема судски процеси, каде се завршени. Имаме ние пред се и морална обврска пред сите луѓе коишто ова го бараат од нас. Мора да се слушне гласот во Собранието на луѓето чиј што е ова практично дом. Тоа се сите граѓани во конкретниот случај родителите на загинатите и повредените деца коишто ова го бараат од нас. Очекувам од сите пратеници да ја поддржат анкетната комисија за несреќата во Кочани како што сите ние ќе ја поддржиме и таа друга анкетна комисија којашто тие ја предлагаат“, истакна Филипче.