Собранието ги разреши Фатмир Меџити и Азир Алиу


Фатмир Меџити (Фото: Б. Грданоски)

 

По повеќечасновна расправа, во која главен збор го имаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието денеска пред полноќ ги разреши двајцата министри на Алијансата за Албанците, Фатмир Меџити за здравство и Азир Алиу за информатичко општество.

За разрешувањето гласаа 62 пратеници, немаше ниту против ниту воздржани.

Меџити и Алиу се дел од крилото на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Нивното разрешување го побараа органите на Алијансата каде мнозинство има поранешниот лидер Зијадин Села. Предлог за нивно разрешување дојде од премиерот на техничката влада Талат Џафери.

Собраниската седница треба да продолжи в понеделник кога на дневен ред ќе биде изборот на нивните наследници.